ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Европскиот фронт“ отворен за сите прозападни и проамерикански сили!

September 18, 2023 14:34
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Целиот политички капитал на ДУИ енасочено кон Европскиот фронт и евроинтеграциите“, вели за „Фронтлајн“ – новинарот Дритон Зенку, зборувајќи за подготвеноста на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети за широка политичка коалиција на претстојните парламентарни избори во рамките на иницијативата „Фронт за Европа“.

Дритон Зенку
Дритон Зенку

– Понудените оставки на владените функционери на ДУИ, прифаќањето предвремени избори, па и предизборната коалиција со СДСМ, се високоризични и скапоцени чекори што ДУИ е подготвена да ги преземе со цел да се остваруваат оваа стратешка ориентација за државата, вели Зенку.

Коментирајќи го оптимизмот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека до предвидениот рок уставните измени ќе се изгласат, и Зенку вели дека политичките актери имаат информации и се дел од процесите.

– Политичките актери имаат информации и се дел од процесите, затоа Ахмети изрази убедување дека тоа ќе се случи, нагласи Зенку.

Али Ахмети

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во последното телевизиско интервју изрази оптимизам дека уставните измени ќе ги добијат потребните гласови од пратениците во Собранието. Тој. исто така изрази подготвеност за коалицирање со политички партии на Македонците на претстојните парламентарни избори.

Тој вели дека во „Фронтот за Европа“ освен за партии на Албанците, има простор и за партии на Македонците, апострофирајќи ги овде СДСМ. Но, додава Ахмети, тоа ќе зависи од анализите што ќе ги направат две политички партии, ДУИ и СДСМ.

– Еве ви кажувам ексклузивно, но не ви кажувам датум. Собраниската дебата е завршена. Потребно е да се свика седница за гласање, не ви кажувам кога, но во моментот кога ќе биде свикана седницата ќе се гласа. Кога? Дебата е затворена, Собранието ќе свика наредна седница, само за гласање, рокот за тоа е до пред парламентарните избори. Сега дали ќе има 80 или 120 незнам, јас сакам да има 80 пратеници, Ковачевски сака да гласаат сите 120 пратеници ЗА, изјави во интервју за Тв21, Ахмети.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба убаво да размисли. Според Ахмети, Мицкоски има одговорност затоа што Уставните измени отвораат пат напред за државата.

„Христијан Мицкоски треба да размисли убаво, тој има голема одговорност како лидер на опозиција, треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, отвараат пат за развој на државата. Просто е тоа, земете го извештајот на Ирска и видете колку Полјаци се вратени во Полска после зачленувањето на земјата во ЕУ, кај нас бегаат младите, ако Мицкоски, Ковачевски, Ахмети, Тачи, Таравари сакаат да останат сами во Македонија и да гласаат меѓу себе, тогаш нема да гласаат за уставните, и луѓето ќе ни избегат од државата“, порача Ахмети.
Тој вели дека претседателските и парламентарните избори се предмет на дискусија.

– Ова е прашање за кое дискутираме дали ќе одиме на претседателски избори сега со парламентарните избори но тоа е прашање што треба да се дискутира од сите политички партии, има поделени мислења, некои мислат дека заедно треба да бидат, други мислат дека треба да има претседателски избори па после да одиме на парламентарни избори. Два месеци има разлика. Ова е прашање што се дебатира и прашање за кое нема поларизација туку има конструктивна дебата, порача Ахмети.

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Во ексклузивното интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, исто така, изјави дека „Фронтот за Европа“ не ја исклучува можноста за заеднички кандидат на претседателските избори.

– Се разбира дека на ниво на политичката партија работиме со албанските политички партии во моментот, кои се залагаат за Европска Унија, за создавање на тој фронт, а се разбира како ќе се ближат изборите, тогаш ќе се прошири или евентуално ќе се разговара и со други партии, открива министерот Османи во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ МЕДИА.

Османи не ја исклучува можноста „Фронтот за Европа“ да настапи со заеднички кандидат на претседателските избори следната година.

– Тоа веќе го имавме на минатите избори. Актуелниот претседател е заеднички кандидат на СДСМ и на ДУИ што е еден преседан кој што навистина многу држави го посакуваат, а тоа е двете најголеми етнички заедници да имаат заеднички кандидат за претседател. Ние можеме тоа да го потцениме, но тоа е навистина најголемото постигнување на една мултиетничко општество и мислам дека тоа се покажа како добар пример и не исклучувам тоа да се повтори, изјави Османи.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk