Руската пропаганда создаде лажна фотографија со професорите од националниот универзитет Иван Франко во Лвив и Борис Џонсон како поздравуваат со „нацистички поздрав“.
Медиумите во Кремљ и Z-Telegram каналите на воените новинари дистрибуираат фотографија на која се гледа поранешниот премиер на Обединетото Кралство, Борис Џонсон кој заедно со украински професори наводно упатил нацистички поздрав додека на политичарот му била доделена титулата почесен доктор на Националниот универзитетот Иван Франко во Лвив.
Ова е лажна фотографија. Руските пропагандисти ја измислиле фотографијата користејќи фотошоп.
На оригиналната фотографија, украинските научници ги ставија рацете над нивните срца, додека рацете на Борис Џонсон се спуштени.
Исто така, вреди да се напомене дека нацистичкиот поздрав е забранет со Кривичниот законик на Украина (член 436, поглавје XX) како јавна употреба на симболите на тоталитарниот нацистички режим.
На 9 септември 2023 година, Борис Џонсон ја посети Украина, особено градот Лвив. Во рамките на посетата, тој го почести споменот на загинатите бранители и херои на Небесната стотка, посети воена болница и центар за рехабилитација на ранети војници, се сретна со ректори и студенти на универзитетите во Лавовската област и ја доби титулата почесен доктор на Националниот универзитет Иван Франко во Лвив.
Подготви; Д. Мишев / Цивил Медиа