ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи и Османи во Њујорк потпишаа Меморандум и Договор со ЗКФ: Северна Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со климатските промени

September 20, 2023 09:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: Влада на РСМ

фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во придружба на генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, во седиштето на Постојаната мисија на Република Северна Македонија во Обединетите нации, Њујорк, со извршниот директор на Зелениот климатски фонд, Мафалда Дуарте, потпишаа Меморандум за разбирање и Договор за привилегии и имунитети со што ќе се овозможи Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија да се одржи во Северна Македонија од 18 до 22 март 2024 година, под покровителство на Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

Со потпишувањето на овие два документа, како што наведува владината прес-служба, се зацврстуваат основите за ефикасно проширување и продлабочување на соработката на Северна Македонија со Зелениот климатски фонд во насока на зајакнување на капацитетите за прилагодување, ублажување и спротивставување на климатските промени.

По овогодинешното 78 Генерално Собрание на ОН и Самитот за одржлив развој и очекуваниот состанок на Зелениот климатски фонд во Германија, за финансиски заложби од развиените земји, стратегискиот поглед на светските лидери на економскиот развој ќе биде во фокусот на Целите за одржлив развој и климатска акција. Во овој контекст поддршката од Зелениот климатски фонд станува значајна во напорите за приближување на Северна Македонија кон остварување на овие цели.

По потпишувањето, вицепремиерот Битиќи и министерот Османи со Дуарте зборуваа за проектите кои се финансирани и од Зелениот климатски фонд за што се обезбедува и дополнителна финансиска поддршка за нивно успешно имплементирање. Како на пример, формирање на Национален фонд за енергетска ефикасност, изградба на пречистителна станица за градот Скопје, енергетска ефикасност на згради, како и за заедничките напори за одобрување на проектната апликација за Национален план за адаптација. Ова се дел од проектите преку кои се фондот е директно вклучен во финансирање на одговори на климатските промени и зајакнувањето на капацитетите на Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека во рамки на Проектот за подготвеност е инициран процес за акредитација на Фондот за иновации и технолошки развој, како национално тело за директен пристап до средства од Зелениот климатски фонд.

-Во рамки на продолжувањето на овој проект ќе отпочне и следната фаза во процесот на акредитација на ФИТР, преку кој  ќе се очекува поголемо вклучување на приватниот секторот. Предвидено е надоградување на системот е-влада, преку кој Владата ќе има реални податоци за статусот на имплементација на Целите за одржлив развој, Парискиот договор, поглавјата и кластерите на ЕУ, рече Битиќи по потпишувањето на Меморандумот.

Според Османи, зајакнувањето на капацитетите за ублажување и прилагодување кон климатските промени, останува врвен приоритет на нашата земја.

-Последните глобални временски непогоди, кои резултираа со голем број на жртви, повторно нè потсетија дека треба сериозно да се посветиме кон постојана заштита на природата, истакна Османи, нагласувајќи дека поддршката на овој Фонд е од исклучителна важност и поради фактот дека климатските политики се високо на агендата на ЕУ.

Северна Македонија како земја-кандидат, додаде, ја очекуваат суштински реформи, како во усогласувањето на законодавството, така и во преземањето конкретни чекори за реализација на климатските политики.

-На наше задоволство го потпишуваме договорот за привилегии и имунитети со Северна Македонија. Ова е еден важен чекор во нашето долгогодишно партнерство кое ја отвора вратата за уште поблиска соработка со еден силен поборник на климатска акција, рече Дуарте.

Битиќи, Османи, Димовски и Дуарте дискутираа и за потенцијални нови проекти од областа на земјоделско осигурување, наводнување, земјишна реформа и отпорност на инфраструктурата кон климатски промени.

Tags: БитиќиЗКФОсмани
Next Post

Фондација Заев: Поддршка за стипендирање студенти кои студираат младинска работа

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk