Белград и Приштина да се посветат на дијалогот додека не биде предоцна.
Од современите политички лидери се очекува да донесат мир и просперитет, а не поделби и конфликти.
Мудорста на политичарите е да не потпаѓаат под провокации и да не влегуваат во сценарија кои не му носат добро на регионот, а тие две држави ќе ги вратат децении назад.
Целосна поддршка за КФОР и сите нивни идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот, изјави за ЦИВИЛ МЕДИА, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска.