РИБАРО
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека на таинственото уесбе што вчера го покажа во интервју за „360 степени“ е дел од тајната комуникација меѓу Груевски, Ахмети и Џафери. Тој мавтајќи со гаџетот, рече дека тука лежи зајакот на заговорот на Груевски против Мицкоски што го кувал со мрачните сили.
Екипата на АХА, ексклузивно дознава дека постои опасност никогаш да не ги дознаеме тајните што ги крие уeсбето.
Имено, како што јавуваат нашите извори од белата палата, Николоски на враќање од емисијата, го загубил уесбето и за тоа го известил Мицкоски.
„Шефе го загубив, уесбето. Застанав попатнo кај фонтаната кај Гоце, седнав на клупа да починам и наредниот момент, уесбето мистериозно го немаше. Сè си мислам дека паразитот од Градски стадион што ја јадe тревата од теренот го има м’цнато и уесбето“, видно вознемирен му рапортирал Николоски на Мицкоски.
– А, бе, паразит ниеден, Зарем навистина мислеше дека тебе ќе ти доверам нешто вредно да носиш?! Па празно беше уесбето, го смирувал Мицкоски.
– А, оние документи со кои се петелев во емисијата дека се докази?, прашал Николоски.
„Ти ги дадов колку да имаш нешто да покажеш. Какви документи, какви бакрачи, тоа го склепавме со секретарката набрзина оти не напикаа во тесно. Ајде гитла сега. Паразитот од Градски му го изел… Боже какви мамлази имам околу себе“, промрморел Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK