ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши од Берлинскиот процес во Тирана: Северна Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка преку отстранување на сите бариери

September 26, 2023 14:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Министерство за економија

Фото: Министерство за економија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тирана, Албанија
учествуваше и се обрати на Форумот на министри за економија насловен
„Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ кој се одржува
во рамки на Берлинскиот процес.

Министерот Бектеши во своето обраќање на бизнис форумот насловен
„Предизвици и потенцијали на заедничкиот регионален пазар- патот кон
единствен пазар преку забрзана интеграција“ истакна дека Северна Македонија е
целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка преку
отстранување на сите бариери, одобрување на сите протоколи и нивно
имплементирање врз основа на стандардите и регулативите кои земјите од ЕУ ги
побарале и воспоставиле.

На форумот со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за
поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ ќе
учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на
Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес.

„Кога слушаме емотивни говори од оние кои го водат бизнис секторот и кои се
враќаат на минатото, сметам дека сме на погрешен пат. Мораме да одиме напред
за да го подигнеме животниот стандард на граѓаните, да имаме економски раст и
со тоа да создадеме можности за просперитет на младите“, изјави министерот
Бектеши на Бизнис форумот на земјите од Берлинскиот процес на кој учествуваа
над 180 компании од регионот и од Европа.

Што се однесува до улогата на ЕУ, министерот подвлече дека тааа треба да биде
отворена врата за земјите од Западен Балкан, со оглед на тоа што Северна
Македонија и Албанија се веќе во процес на скрининг.

„Ако сакаме да имаме раст, план за раст кој ќе се применува во рамките на
Западен Балкан мора да работиме заедно и да не гледаме само на нашите
внатрешни економии“ – рече министерот Бектеши.

Тој додаде дека Северна Македонија е целосно посветена и поддржува вакви
иницијативи, особено во вакви настани да се обединиме, да го оставиме минатото
зад себе бидејќи минатото ни создава тешки проблеми.

„Младите бараат нови можности, внатре во ЕУ, а ние сме дел од европскиот
континент, па зошто да го немаме тој просперитет во нашите земји“ – изјави
Бектеши.

Исто така, министерот истакна дека Северна Македонија целосно го поддржува
протоколот ЦЕФТА, иницијативите на ЕУ.

„Но, ние бараме повеќе од тоа бидејќи мислам дека ЕУ има потенцијал да посвети
повеќе внимание не само со зборови, туку и со дела за земјите од Западен
Балкан, а што се однесува до внатрешните проблеми што ги имаме, наша обврска
е да разговараме отворе но и да рефлектираме“ – рече министерот Крешник
Бектеши.

Tags: БектешиБерлински процесЕУТирана
Next Post

Макетата од ,,Монументот Илинден" изложена во MоMA во Њујорк

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk