Еднодневниот конфликт во северот на Косово разлеа дезинформации и говор на омраза на социјалните мрежи.
„Главите да ви се скинат Ш****** племо секаде сте црвен пипер“;
„…Еден сончев ден повторно ќе се прават логори за избеглици, ама накај Албанија. Крвта арнаутска да ви ја е***!“;
„…Србите си ја бранат својата земја Косово, срцето на Србија и нема лесно да ви ја дадат да ја споите со Албанија…;
„Да го оставеа Слободан Милошевиќ 1999 година досега ќе немаше ниту еден ш***** сите ќе беа во Албанија, а не сега да дигаа прашина само да не беше сатанската Америка и Европа да ги штити на ш*****е“;
„Си играте со држава сетне ќе бегате со плачење, кај нас овдека со автобуси ќе ве носеа овие од КФОР, пепел ќе ве стори Србија“.
„Абе не знам зошто северџаните се грижат толку за тоа расипано племе“!
Ова се само дел од илјадниците коментари со говор на омраза.
Дезинформации за конфликтот во северот на Косово
Косовските медиуми објавија дезинформација дека еден од убиените Срби е Радомир Почуча кој служел како портпарол на специјалната антитерористичка единица во Србија, а е познат и осуден од српските судови, како учесник во странски војни. Тој учествуваше во војната во Донбас на страната на сепаратистите поддржани од Русија во 2014 година. Оваа дезинформација ја потврдил и самиот Почуча.
Во дел од медиумите се прошири информација дека дел од вооружените се префрлени во Србија со помош на КФОР и ЕУЛЕКС. Но, досега таквата информација не е потврдена.
Денеска, генералниот директор на косовската полиција Газменд Хоџа изјави дека оние од осомничените кои не биле неутрализирани или уапсени во нападот, успеале да заминат пеш од областа „во и околу манастирот Бањска“. Дрон снимил како косовската полиција ги бркала маскираните напаѓачи во селото Бањска. Видеото го објави телевизиајта Клан Косова. Автентичноста на видеото не е потврдена.
Во медиумите се шпекулира со различна бројка на убиени, повредени и уапсени, некои медиуми објавија дека се убиени 4 лица, некои објавија дека се убиени 5 напаѓачи, меѓутоа, според официјалните податоци на косовската полиција убиени се тројца напаѓачи, уапсени се двајца напаѓачи и четворица осомничени кои нелегално поседувале радио комуникации, а за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористичка група.
Останаа отворени прашањата како успеала да се извлече групата од 30-тина вооружени лица? Каде заминаа? Каде се сега? Кој ги организирал? Кој им дал оружје? Која им беше целта на вооружениот напад?
Затишија куршумите во Косово, меѓутоа се засили „пукањето“ со говор на омраза на социјалните мрежи!
Мониторинг тим на ЦИВИЛ / Цивил Медиа