РИБАРО
Гужви и разочарување во белата палата на вмровците. Членови на ВМРО-ДПМНЕ го обвинувале Мицкоски, дека повторно биле изиграни од него и од потесното раководство на партијата и бараат одговорност, дознава АХА.
„Шефе, СДСМ пак нè насамарија. Не отепаа со фотографиите од вчерашниот координативен состанок на стратешкиот тим на СДСМ. Заев и Ковачевски рамо до рамо покажаа единство. Паднаа во вода сите ваши шпекулации дека овој кумувал со Груевски, другиов потпалувал… и што ти знаеме што сè не се обидовте да изманипулирате“, реагирале истакнати членови на ДПМНЕ во седиштето на вмровците.
Мицкоски безуспешно се обидел да ја амортизира атмосферата.
-Ама тоа е само една епизодо, кога ви велам. Заев кумувал со Груевски, изворот од Будимпешта никогаш не ме излажа, се правдал Мицкоски.
„Друже тебе изгледа ти „одлетало врапчето“ скроз. Нè носиш од пораз во пораз. Направи раскол во партијата. Ничим изазван нè испокара со Груевски и меѓусебе баш сега кога единството ни беше најпотребно. Го имаш најдолгиот стаж како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
На мислење сме дека треба да се повлечеш од лидерската позиција. Имаш неколку дена“, завршил вмровецот, кој му напомнал на Мицкоски дека зборува во име на голем број членови од партијата.
Екипата на АХА, побара коментар од Мицкоски.
– Само да го фатам врапчево и одма ќе ви се јавам, кратко ни изјави Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK