ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи – Дуџак: Забрзување на Целите за одржлив развој

September 30, 2023 16:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод овогодинешното Генерално Собрание на Обединетите Нации кое се одржа минатата недела во Њујорк, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со постојаната претставничка на Обединетите Нации во нашата земја, Росана Дуџак напишаа заедничка колумна која следи во продолжение:

Кога би биле прашани, веројатно сите во светот би рекле дека ја поддржуваат Агендата 2030 и Целите за одржлив развој (ЦОР). Но, иако многу држави ги поддржуваат, на половина од овој процес, заедничкото ветување на земјите ширум светот дека ќе ги осигураат правата и ќе ја обезбедат благосостојбата за секого, на здрава и просперитетна планета, реализацијата сè уште е далеку од реалноста.

Всушност, за прв пат по години, напредокот во развојниот процес се менува под влијание на комбинирани фактори – климатските катастрофи, конфликтите, економскиот пад и долготрајните ефекти од ковид-19 пандемијата.

Сепак, дури и без неодамнешните кризи, светот е надвор од замислената траекторија. Земјите не ги забрзаа доволно Целите за одржлив развој и напредокот во 2019 година беше забавен, а за други прашања како што се безбедноста на храната, климатските активности и заштитата на биолошкиот диверзитет, светот продолжува да се движи во погрешна насока.

Каде грешиме?

Постојат три елементи за успешно постигнување на целите за одржлив развој: да станат приоритет, да се обезбедат потребните ресурси, вклучително и човечките за постигнување на тие цели и потребен е холистички пристап. Глобално, се чини дека не успеваме на сите три фронта, иако постои јасен консензус дека Агендата 2030 е пат кон подобра, позелена и поздрава иднина за сите.

Во многу земји и региони, пристапот кон ЦОР се смета за помалку важен од она што се чини дека се непосредни приоритети. Парадоксално, често тие непосредни приоритети, како што се економскиот развој, здравствените кризи, невработеноста, се дел од истиот збир на вредности и приоритети како Целите за одржлив развој.

Што се однесува до инвестициите / ресурсите што се потребни за постигнување на ЦОР, честопати „повисоката цена“ со која се оправдува неактивноста, односно недостатокот на финансии или скапото чинење на ЦОР, се користат како изговор за неактивност или неделување. Но, во реалноста цената на неактивноста е значиелно повисока. Она што нема да го направиме денес, утре ќе не чини многу поскапо и не само во финансии.

Конечно, и веројатно најважно, се чини дека постои глобално недоразбирање на меѓусебната поврзаност на целите и потребата на сите проблеми да им се пристапи холистички и со поглед кон одржлив развој, наместо да се пристапува на секој проблем поединечно.

Северна Македонија е посветена на Агендата 2030 и забележа големи достигнувања во изминатиот период, спроведувајќи го првиот Доброволен национален преглед (2020 година), а постигна дури и зголемување на почетните цели во некои области, како што е намалувањето на емисиите од фосилните горива.

Во изминатиот период, Северна Македонија бележи намалување на сиромаштијата, намалена стапка на невработеност и намалување на загадувањето на воздухот. Северна Македонија успеа да оствари целосна деинституционализација на децата без родителска грижа. Земјата го зголеми опфатот на заштитените подрачја од 8,9% (2014) на 13,9% (2023), благодарение напрогласувањето на новиот Национален парк „Шар Планина“ и новото заштитено подрачје (Осогово). Политиките кои се однесуваат на родовата еднаквост се речиси целосно усогласени со најразвиените земји. Има и уште многу добри примери за напредокот што го постигнува нашата земја.

Што повеќе да правиме? За да одговориме на ова прашање, треба да се вратиме на трите елементи потребни за постигнување на ЦОР.

Одржливиот развој треба да стане мејнстрим, односно да е вграден како  приоритет во сè што правиме, треба да вложиме бројни ресурси и пред сѐ треба да имаме сеопфатен пристап.

За да се помогне во секоја од областите, отпочнат е и е при крај еден комплексен процес на развивање и усвојување на 20-годишната Национална стратегија за развој (НСР), преку градење консензус на целото општество за да се развие адаптивно и отпорно општество кое е подготвено за иднината, вклучително и преку распоредувањето на иновативните алатки за финансирање на ЦОР.

Оваа Стратегија ќе нѝ помогне да ја дефинираме патеката, да дадеме највисок приоритет на одржливиот развој, да наложиме сеопфатен пристап кога се справуваме со одделни предизвици и да ги насочиме нашите ресурси, особено нашите човечки ресурси, кон изградбата на заедничка, одржлива иднина, за нас и за идните генерации. Притоа, се подразбира дека одржливиот развој и НРС ќе бидат целосно усогласени со приоритетите за пристапување кон ЕУ, поддржувајќи ги стратешките насоки на земјата.

Исто така, треба да работиме на мобилизирање на нашите ресурси, особено на нашите човечки ресурси, бидејќи единствениот начин на кој ЦОР ќе се материјализираат е доколку сите придонесуваат.

Затоа што зависи од секој од нас и важно е за сите нас!

Да се осигураме дека меѓу луѓето има поголемо разбирање за одржливиот пристап и да утврдиме каква може да биде нивната улога во овој процес. Има неколку програми кои се веќе во тек за вклучување на прашањата поврзани со ЦОР, како што се климатските промени во образованието, на пример, или родово одговорно буџетирање во рамките на националниот буџет.

Но, потребно е повеќе. Потребно е вклучување на сите, а за тоа е потребно континуирано потенцирање на важноста на ЦОР.

На крајот, практиката на преземање сеопфатен пристап кога се справуваме со предизвици, треба да стане постојана пракса. Не можеме да се справиме со сиромаштијата мислејќи само на невработеноста и социјалните услуги.

Сиромаштијата е многу повеќе од недостаток на приход и мерењето на БДП не го прикажува прецизно економскиот статус на земјите. Тоа е, исто така, недостаток на образование, храна, здравствена заштита, инклузија и поширок пристап за човекови права. Не можеме да ја подобриме нашата животна средина без изградба на одржливи патишта, водоводни мрежи, електрични мрежи, компјутерски мрежи и канализациски мрежи, достапни за секого. Не можеме да се бориме против нееднаквостите, ако има луѓе кои сè уште се чувствуваат дискриминирани.

Во 2015 година, 193 земји ширум светот ветија дека со заеднички напори глобално ќе ги адресираат нееднаквостите, ќе се борат против сиромаштија и ќе се справуваат со климатските промени. Овие аспирации и ветувања се дел од Агендата 2030 и меѓусебно поврзаните Цели за одржлив развој.

Самитот на ЦОР во Њујорк, оваа година, го означува почетокот на новата фаза на забрзан напредок кон имплементација кон Целите за одржлив развој. Усвојувањето на политичката декларација дава насоки за трансформативни и забрзани дејства до 2030 година.

За крај, мораме да запомниме, наше е да ја создадеме иднината со преземање  #АкцијаСега.

КРАТКИ ИЗЈАВИ

—————————————————————————————————-

Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции

„За да можеме да зборуваме за одржливост на економскиот развој, мораме да го хармонизираме со природата, да го остваруваме во мир и безбедност, но и да ги споделуваме неговите придобивки со сите, односно никого да не оставиме зад себе (Leave no one behind),  ова е една од суштинските пораки кои произлегуваат од Политичката декларација на Самитот за одржлив развој, а која беше усвоена од 193 земји-членки на Обединетите наци. Во Њујорк ја афирмиравме посветеноста на нациите во светот на остварувањето на 17-те целите за одржлив развој, дефинирани во Агенда 2030.

Владата на Република Северна Македонија веќе ја има изразено својата посветеност за реализација на Агенда 2030, а напредокот кој го имаме направено е регистриран и преку Интегрирана проценка.

Националната развојна стратегија ќе ја постави институционалната рамка за постигнување на општествен консензус во насока на создавање на политичка атмосфера и мобилизиравме позитивна политичка енергија за поставување на 20 годишни развојни приоритети, кои ќе преставуваат основата за локализирање и реализирање во уште повисок степен на Целите на одржлив развој“.

—————————————————————————————————-

Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија

„Иако сакаме да ги препознаеме и да ги пофалиме добрите резултати, сите ние мора да прифатиме дека тоа не е ни доволно одблиску. „Business-as-usual“ ќе ги држи ЦОР подалеку од дофат дури и до 2050 година, со особено влошени еколошки аспекти. Од друга страна, порешителните и поамбициозни сценарија за „притискање на SDG“ можат да извлечат 124 милиони дополнителни луѓе од сиромаштија и да генерираат придобивки од другите ЦОР, преку подобрување на социјалната заштита, зајакнување на владеењето, промовирање зелена економија, справување со дигиталните нарушувања и подобрување образованието и науката. Оттука, за да им се помогне на креаторите на политиките, Извештајот за глобален одржлив развој за 2023 година дава примери за клучните трансформативни промени потребни во шест различни влезни точки, како што е управувањето; економија и финансии; наука и технологија, индивидуална и колективна акција и градење капацитети за стратешки насоки и предвидување; иновации и генерирање на нови алтернативи.

Еден од клучните елементи за постигнување на ЦОР е фактот дека ни треба поширок општествен ангажман. За да се постигне ова, сегашните платформи и посредници не се доволни. Граѓанското општество и тинк-тенковите, а особено младите, мора да бидат способни да ја зголемат својата улога како застапници за промени и промотори на одговорност. Ова бара не само учество, туку и улога во вистинското одлучување, особено за младите“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БитиќиДуџак

НАЈНОВО

Сеќавање на Џорџ Флојд: Пет години борба за правда и еднаквост

May 25, 2025
Фото: МИА

Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп

May 25, 2025

Македонски кикбоксер Бобан Илиоски ја одбрани светската титула

May 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што се случило со децата на Николае и Елена Чаушеску по романската револуција?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј и да ја зацврстиме заложбата за градење општество на знаење и меѓусебно почитување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk