Мицкоски си контрира самиот на себе си. Откако претходно говореше дека светот и Европа ковале заговор против ВМРО-ДПМНЕ, сега ја смени реториката и тврди дека Европа била во заблуда од руски политики на Балканот.
Партијата која 10 години ја држеше земјава во изолација, која го бојкотираше референдумот за НАТО и ЕУ и која денес го блокира процесот на преговори со ЕУ, според Мицкоски „била отсекогаш прозападна“
„И навистина жалам што повторно, што повторно, по кој знае кој пат Европа е доведена во заблуда од страна на криминални политичари во Македонија и на Балканот, а исполнувајќи ги бугарските интереси, за жал е заложник на руската политика на Балканот. Македонија и ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш во историјата биле и се стремеле и имале прозападна ориентација. Немало дилема, од самото формирање до ден денешен“, изјави денеска Мицкоски на Втората годишна конференција на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
По ваквата негова изјава Мицкоски на социјалните мрежи веќе стана предмет на потсмев.
Г. Т.