Фондацијата Заев во серијалот „Успешна приказна“ ја претставува олимписката каратистка, Пулексенија Јовановска.
„Овој месец продолжуваме со серијалот на “Успешни приказни” каде преку позитивни примери на млади луѓе се покажува дека со напорна работа и труд може да се биде успешен во нашата држава. Вложувањето во спортот, особено во спортистите и спортските објекти е исклучително важен фактор за развојот на прогресивно и инклузивно општеството кон коешто сите стремиме. Продолжуваме со заложби за унапредување на спортот и положбата на спортските работници во Република Северна Македонија. Спортот е повеќе од физичка активност, тоа е начин на живот кон кој секој поединец, посебно младата популација треба да се стреми.“, истакнуваат од Фондацијата Заев.