ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски на третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада

October 4, 2023 20:14
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Премиерот Димитар Ковачевски утре во Гранада, Шпанија, ќе учествува на третиот Самит на Европската политичка заедница, заедно со лидери од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина.

На Самитот, како што е најавено, ќе учествуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претсадателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Програмата на Самитот содржи пленарна сесија и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за иднината на Европа.

Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија на Самитот, а потоа со лидерите на Шведска, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Хрватска, Лихтенштајн,  Бугарија и Албанија, како и Европската комисија и Европскиот Парламент ќе учествува на тркалезната маса посветена на дигиталната транзиција и вештачката интелигенција.

Во рамки на третиот Самит на Европската политичка заедница, предвидено е премиерот Ковачевски да оствари и билатерални средби со премиерот на Холандија, Марк Руте и со премиерот на Ирска, Лео Варадкар.

Европската политичка заедница е платформа за политичка координација за европските земји ширум континентот, чија цел е да ги собере лидерите од европските земји во духот на еднаквоста и единството  два пати годишно. Првиот самит на Европската политичка заедница се одржа во Прага во октомври 2022 година, по што во јуни годинава, следуваше Самит во Кишињев, Молдавија.

За време на посетата на Гранада, премиерот Ковачевски ќе биде придружуван од сопругата Елена Ковачевска, која, како што е најавено, ќе има повеќе активности, а ќе го придружува премиерот Ковачевски на свечената вечера организирана од Кралот и Кралицата на Шпанија.

Tags: Ковачевскитретиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада
Next Post

Костадиновска - Стојчевска: Културната и верската различност да бидат инспирација за инвестиција во мирот

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk