ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средби со најмладите, превентивни активности за сообраќајна безбедност, заштита од имотни деликти, превенција од пожари и бесправна сеча на шуми

October 5, 2023 09:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Полициски службеници од повеќе организациони единици од Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Штип и Струмица во текот на вчерашниот ден (04.10.2023) реализираа превентивни активности на различни теми, претежно посветени на најмладите по повод „Детската недела“, како и од областа на сообраќајната безбедност, заштитата од имотни деликти, превенцијата од пожари и бесправната сеча на шуми.

Така, на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Струмица и Штип, односно во Радовиш и во Берово, по повод „Детската недела“, полициските службеници од ОВР Радовиш беа домаќини на дечиња од детската градинка „Ацо Караманов“, објект „Цветови“ од Радовиш, додека во посета на ОВР Берово беа децата од градинката „23 Август“ од Берово. Децата имаа можност да се запознаат со професијата полициски службеник, со дел од полициските овластувања и работни задачи, особено за улогата на сообраќајниот полицаец и полицаецот позорникар, а дополнително им беа презентирани и дел од материјално-техничките средства и опремата што ја користат полициските службеници и полициските возила.

Во Битола, пак, односно во основните училишта „Тодор Ангелевски“, „Ѓорѓи Сугарев“ и „Трифун Пановски“ за првачињата беа организирани едукативни презентации на кои што тие беа запознаени со сообраќајните правила и прописи важни за нив како пешаци или како велосипедисти. Во Демир Хисар и во Ресен, исто така на подрачјето на СВР Битола, беа спроведени превентивни активности од областа на заштитата од пожари и од незаконска сеча на огревно дрво, како и од областа на превенција од имотни деликти во стопански објекти – кражби, разбојништва и измами.
И на подрачјето на СВР Велес, односно во Кавадарци, беше реализирана активност од проектот „Безбедна заедница – мирна заедница“ насочена кон превенција и самозаштита од кражби и измами, пред сѐ кај повозрасните категории на граѓани.

Tags: полицијаПревентивни активностисредби со најмладите
Next Post

Колку македонски граѓани секоја година добиваат зелена карта за Америка?

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk