Предложениот закон за игрите на среќа предизвика жестока дебата меѓу власта и опозицијата. Со предлогот на новиот закон за игри на среќа, се предвидува демонополизирање на пазарот на игри на среќа како и нивно отстранување од објектите во близина на основните и средните училишта на оддалеченост од 500 метри.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Демократското движење на Изет Меџити сè пожестоки во противењето на овој закон. Што навистина се крие зад нивното противење?
„За поширокиот дел од јавноста беше нејасно која е поврзаноста на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и бизнисот со игри на среќа во Македонија имајќи ги во предвид многу поважните теми за пошироката јавност како поскапувањето и скандалот со онкологија, но полека, но сигурно почна да се одмотува и ова клопче. За оние кои се запознаени со тоа кои се портали се под контрола на Мицкоски е јасно дека веќе подолг период истите се спонзорирани од компании кои се занимваат со игри на среќа, но и на нив редовно се објавуваат соопштенија од Асоцијацијата на спортски обложувалници во Македонија во кои се критикува Владата за идјата за одалечување на обложувалниците и казината од најмладите“ пишува порталот „Инфомакс“.
Порталот ја открива и директната поврзаност на една од компаниите кои воспоставија монопол со игрите на среќа во Македонија. Имено компанијата Касинос Аустрија Интернационал ДОО Скопје е правно застапувана лично од таткото на сопругата на Тимчо Мицунски.
„Канцеларијата Бубевски е правен застапник токму на Касинос Аустрија една од компаниите со монополска позиција во Македонија кога станува збор за игрите на среќа и една од компаниите која ќе биде најпогодена од евентуална либерализација на пазарот на игри на среќа во Македонија. Да не заборавиме дека неодамна од седумте кандидати за судии во Граѓанскиот суд, членовите на Судски совет ја избрааа и Симона Бубевска Муцунски, сопруга на градоначалникот Тимчо Муцунски. Таа е единствената од осумте кандидати кои се избрани. Останатите имиња се свежи, а јавноста досега не ги поврзувала со политиката и политичари. Тоа се Кристијан Митревски, Лилјана Костојчиноска, Драган Петрушевски, Маја Катариниќ, Андреа Апостоловска Малиноска, Машкули Пајтин и Јованов Јордан“, пишува порталот.
Но, кој е интересот на Демократското движење и Изет Меџит да се спротивстават на новиот закон за игрите на среќа?
Рафет Муминовиќ – познат е и како еден од најблиските луѓе на Изет Мексити, политички и партиски соработник, но и човекот на кој Општина Чаири на чело со Изет Мексити му пружи неколкудецениска услуга, како и го легализираше целиот простор на стадионот во Чаир и предниот дел кој се смета за јавен простор.
На овој простор, како што може да се забележи од сите граѓани кои поминуват низ Чаир, односно покрај стадионот, се отворени многу деловни објекти, меѓу кои три казина/спортски и една продавница за „пари“ – брзи кредити.
– Месечната кирија од овие објекти достигнува и десетици илјади евра годишно, додека ниту еден денар не оди на сметката на Ф.К „Шкупи“, вели извор од овој клуб за „Фронтлајн“.
Врз основа на ова се поставува прашањето, каде одат овие пари од киријата од десетици и илјадници евра секој месец? Дали овие средства од киријата и поволностите на казината/обложувалниците ги делеле – Рафет Муминовиќ со партнерот и сопартиецот Меџити?!
Албанската опозиција го обвинува првиот вицепремиер Артан Груби дека дозволил отворање на три нови компании за игри на среќа во Северна Македонија, а бараат целосно затворање на казината.
– Нашиот предлог е од утре конечно да ги затвориме овие места кои ни ја однесоа младоста за врат! Предлагаме да се затвори. „Артан казиномен“ со негов потпис, со негова одлука отвора интернет казина за воведување коцкање во нашите домови, во секој дом преку интернет, и затоа, тука е разликата“, рече Јетмир Асани, од Демократското движење на Изет Меџити.
Од друга страна првиот вицепремиер Артан Груби, вели дека целта на Владата е да го демонополизира пазарот со втор организатор на коцкање, а тоа е Новоматик. Груби во интервју за „Канал 5“ изјави дека е доделена и трета лиценца за онлајн игри. Ова, како што најавува, дошло на барање на Државна лотарија.
– Избрана е другата компанија претставена од Новоматик, гигант на игри на среќе во Европа. Лиценциран е и веќе работи. Уште не почнале, но има лиценца. И сега уште едена, вкупно три, за онлајн игри на среќа. Владата донесе одлука на барање на Лотарија на нашата земја да уште три лиценци за интернет игри, за да го регулира обложувањето, изјави Артан Груби, прв вицепремиер.
На темата се огласи и партијата ДУИ која запраша „Кој го штити 15-годишниот монопол овозможен на бугарско-српско-македонска компанија за организација на игри на среќа, чија ‘пријавена’ добивка е просечно 15 милиони евра годишно? Кој од албанската опозиција лобираше за дополнување на законот во корист на казината? Законот е усвоен од Владата, очекуваме и пратениците веднаш да го поддржат“, наведува ДУИ.
Оддалечувањето на казината и обложувалниците, како и демонополизацијата на индустријата се политика и програма на Демократската унија за интеграција, но и на Владата усвоени во Собранието, нагласуваат од партијата.
Новиот закон предлог за игрите на среќа помина во Владата, а се чека и на „виза“ и од пратениците во Собранието. Предложениот закон предвидува казината да бидат лоцирани на најмалку 500 метри од училишните објекти.
Дестан Јонузи