Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денес оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман.
На средбата се разговараше за евроинтеграциите, уставните измени и швајцарската помош на нашата земја.
Воедно, Ахмети ја информирал амбасадорката, Хулман и за интегративниот пат на земјата вклучувајќи го и скринингот процесот, оценувајќи дека Република Северна Македонија ги исполнува условите за продолжување на интегративниот процес.
Усвојувањето на уставните измени е опишано како неопходна потреба бидејќи земјава нема друга алтернатива освен членството во големото европско семејство.
Исто така, на оваа средба претседателот Ахмети изрази благодарност за помошта на швајцарската влада, за континуираната поддршка што и ја нуди на нашата земја преку различните програми кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и демократизацијата на процесите во државата.







