ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДПМНЕ да се извини за лажните вести за празникот и сквернавењето на 11 Октомври, бараат од СДСМ

October 12, 2023 18:17
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Воопшто не е точно дека на државната свеченост по повод Денот на народното востание, 11 Октомври била пуштена партиска химна. Срамно е што со лажните вести кои ги шири ДПМНЕ го сквернави државниот празник 11 Октомври и покажува непочитување на празникот, на медиумите и на граѓаните, реагираат од СДСМ.

„Впрочем на самото видео објавено на опозициските портали се гледа дека станува збор за вклучување на една национална Телевизија во живо, повеќе од 30 минути од завршување на државната свеченост, кога во позадина се гледа дека веќе се демонтира поставената сцена. Јасно е од каде доаѓа идејата за манипулацијата на ДПМНЕ, во нивно време немаше никаква разлика помеѓу државата и партијата. Иако можеби за нив тоа е нормално однесување, поради кое сите ние 11 години живеевме во заробена држава, сепак СДСМ како државотворна партија ги има предвид исклучиво државните интереси и постапува соодветно со тоа“, велат од СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека „партискиот настан на СДСМ со кој членството на СДСМ оддаде почит кон големиот празник на кој почиваат антифашистичките државотворни идеи на земјата, програмски, суштински и временски се разликуваше од сите останати прослави организирани и од централната и од локалната власт“.

„Партиската химна на СДСМ беше дел од партискиот настан кој започна во време на вклучувањето на националната Телевизија во живо. За жал нема никаква промена во ДПМНЕ, во Белиот дворец се уште владее матрицата за ширење невистини, лаги и манипулации. ДПМНЕ треба да се извини на граѓаните за сквернавењето на 11 Октомври, државниот празник на којшто почива темелот на македонската државност“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Tags: 11 ОктомвриВМРО-ДПМНЕдезинформации
Next Post

Арсовска ја разрешила директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева – Николиќ

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk