Во оваа фаза не е јасно колку луѓе се движат од северот на Појасот Газа кон југ, но според агенцијата на ОН за помош која работи на територијата, тоа е „егзодус“, пренесува Би-Би-Си.
Претходно директорката за комуникации на UNRWA, Џулиет Тума, изјави за Би-Би-Си: Ова е најлошото што сме го виделе. Ова го допира дното. Ова е Газа која се турка во бездна; се одвива трагедија додека светот гледа. Ова е Газа.
Таа додаде: „Според колегите на терен има егзодус. Луѓето си заминуваат. Тие што можат, со своите автомобили, некои пешачат, некои носат душеци“.
„Луѓето се преплашени“, рече таа. „Преплашени“.
М. П.
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА