Од многуте лажни вести кои ги креира и пласира Мицко – ДОО, последната која ми го привлече вниманието е поврзана со верглањето дека македонските граѓани во Израел се оставени сами на себе, без да бидат навремено евакуирани. Како па да не!, вели професорката Ана Чупеска во нејзината колумна со наслов „Радиоактивно зрачење“ објавена на Либертас.
„Bистина, од поодамна се сомневав дека вмровската пропаганда има барем малку контакт со стварноста. Но, ова ги надмина сите мои надежи дека имаат трошка „чуство за осет”. Така и овие мои сомнежи станаа евидентни индиции дека се нема апосулно никаква смисла за одговорност, ниту спрема пошироката јавност, ниту спрема својот електорат, ниту спрема директно засегнатите лица кои се нашле на територија на Израел. И тоа, замислете – во опкружување на сериозни воени дејствија! Човече боже, не за џабе постојат на пример дискурсивни пракси и обврски за известување во воени услови или безбедносни закани. Но ПР-от на ВМРО веројатно пропаганда учеле од Гебелс himself.
Аманте бе, па зарем не знаете дека ваквите теми, не би смееле да бидат цел на дневнополитичка битка?!
Исто како онојпат, кога се излетавте со онколошките некро-фашистички злоупотреби на жрвите на тој невиден скандал.
Овие теми, мили мои, се благоречено МЕТА теми и по ниеден основ не се етички податливи за локал-патриотски пропаганди повраќаници и за инфодемични егзибиции.
Радиоактивното зрачење, кое го дисеминирате од вашите фокални инфодемски центри е погубно, за сите нас, ама и за Вас самите!
А ние, што да ви правиме, освен да Ве љуљаме?! Или, можеби не!
Да се пласираат лаги кои се поврзани со безбедноста и животите на сите затекнати на територијата на Израел, е во најмала рака малоумно! Но малоумноста кога се артикулира во ЕПП, во ниеден случај не може да ве ескулпира од одговорност. Уште повеќе, во овој случај дури и МНР на Црна Гора се заблагодари за промптноста на нашите власти за успешната евакуација дури и на нивните граѓани.
Ама, ова е неважно за радиоактивните извори на зрачење“, нагласува Чупеска.