ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Политичката сцена е поларизирана како со нож – на проевропски партии и тие што се против

October 16, 2023 11:35
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Состојбите на македонската политичка сцена, се до тој степен поларизирани што изискува како со нож поделба на јасни и недвосмислени политички блокови: тие кои се за проевропска интеграција и тие што се против, велат политичките аналитичари за „Фронтлајн“, коментирајќи ги актуелните политички збиднувања во земјава, дебатат за парламентарни избори и блокадата на опозицијата за уставните измени воедно и на европскиот пат на државата.

За можна предизборна и постизборна коалиција меѓу опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ултранационалистите на Левица, аналитичарите велат дека тоа е невозможно. Според нив, кој и да ја формира идната Влада на Северна Македонија, Левица нема да претставува никакви битен фактор.

– Состојбите на македонската политичка сцена, се до тој степен поларизирани што изискува како со нож поделба на јасни и недвосмислени политички блокови: тие кои се за проевропска интеграција и тие што се против (Левица). Од друга страна ДПМНЕ ќе биде негде ,,на средина“, односно декларативно ќе вели дека е за ЕУ, но дека е против уставните измени што значи дека е против ЕУ. Тоа треба да им е јасно на сите и ќе видиме дали владејачката СДСМ ќе има капацитет тоа да го претстави како ПР и да го искомуницира со јавноста како такво, вели за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар Благојче Атансоски.

Сметам, додава тој, дека во ниту еден политички сооднос не може Левица да биде коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во тој случај ниту една етничко албанска политичка партија нема да сака да партиципира во таква влада.

– И покрај тоа што уставно -правно е возможно, во практика е невозможно да се формира стабилна политичка влада без етничко албански коалициски партнер, што значи Левица е надвор од секаква комбинаторика за постизбирно коалицирање со опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, потенцира тој.

Ќенан Алиу – правник по вокација и поранешен градоначалник на општина Желино, за „Фронтлајн“ вели дека било кога да се одржат парламентарните избори, општеството уште повеќе ќе се поларизира под шемата на корпусот субјекти според про- европски и корпусот субјекти според антиевропската позиција.

– Но вистината за ваквите стигматизации не лежи во комплетноста, стигматизациите се прават за дневно-политички поени. Мислам дека Левица на Апасиев ќе се натпреварува сама на претстојните избори. Често дискурсно изгледа дека е блиска до ВМРО-ДПМНЕ, но повторно има нешто уникатно ултранационалистичко во тоа, но без никаков потенцијал за заплашување. Во меѓувреме, мислам дека албанската опозиција ќе се натпреварува како блок и без очигледна изборна стратегија со ВМРО-ДПМНЕ, вели Алиу.

Во моментов има три политички блока и во македонскиот и во албанскиот политички блок. Во македонскиот политички табор има голема проевропска коалиција околу СДСМ, коалиција од неколку партии околу опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ултранационалистичката Левица како трета опција.

Во албанскиот политички табор, иако сите партии имаат европски префикс, сепак имаат разлики и дилеми за уставните измени. Опозициската тројка: Движењето БЕСА, Алтернатива и Демократското движење, бараат со уставните измени да се отстрани и референцата од 20 отсто како уставна категорија за албанскиот јазик. Додека, пак, партиите од парламентарното мнозинство ДУИ и Алијансата за Албанците сметаат дека се за оваа иницијатива, но дека сега не е време.

Во политичките кругови на албанските партии се зборува дека на претстојните избори ќе има два политички блока, еден околу ДУИ и Алијансата за Албанците, во кои ќе бидат и новоформираните мали партии и блок албански опозициски партии, што веќе е официјализирано меѓу Движењето БЕСА, Алтернатива и Демократското движење.

Дестан Јонузи

Tags: АлијансаВМРО-ДПМНЕДУИКасамиМеџитиСДСМ
Next Post

(ВИДЕО) Отворено писмо од заедницата на преживеани од Холокаустот за нападите на Хамас

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Фон дер Лајен го поздрави „многу добриот разговор“ со Трамп за Украина, Руте вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната

August 13, 2025

СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

August 13, 2025

Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Табуа и тотеми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk