Поранешната украинска амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњук во објава на Фејсбук искажа задоволство од средба со Џабир Дерала во Украина.
„Зад сцената на посетата на Украина на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи. Задоволство ми беше да се сретнам со големиот пријател на Украина, професионалец, прекрасна личност, Џабир Дерала. Џабир Дерала неодамна беше награден со Државна награда за заслуги на Украина“, пишува Задорожњук.
Дерала утрово, на пат до Кијив имаше ексклузивно интервју со Бујар Османи во кое министерот и претседавач на ОБСЕ, истакна дека Украина останува во фокусот на вниманието и нагласи „Украина беше топ приоритет на нашето претседавање на ОБСЕ, затоа што тука се утврдува или се руши иднината на пристапот на ОБСЕ во смисла на сеопфатна безбедност во Европа“.
Поврзано:
(ЕКСКЛУЗИВНО ОД КИЈИВ) Османи: Украина останува во фокусот на вниманието