ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски – Басани: Рамката за соработка со Светска Банка е силна порака за Северна Македонија до меѓународните партнери и инвеститори

October 17, 2023 11:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Рамката за соработка со Светска Банка е силна порака за Северна Македонија до меѓународните партнери и инвеститори, било истакнато на средбата во Тирана на премиерот Димитар Ковачевски со претседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани.

Како што денеска соопшти владината прес-служба, покрај премиерот Ковачевски, на средбата што се одржа на маргините на Самитот на лидери на Берлински процес во Тирана, присуствувал и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Соговорниците разговараа за тековните проекти и планови на среден рок на Северна Македонија, како и на земјите од регионот. На средбата беа разменети мислења за политичките и економските случувања во регион, како и предизвиците од геополитичките случувања во Европа и светот и како сето тоа влијае врз глобалната економија, се наведува во соопштението.

На состанокот, како што е посочено, се размениле мислења за проекциите за раст на земјите од регионот во текот на оваа година, како и проекциите за глобалната економска и финансиска стабилност.

-Партнерството со Светска банка и поддршката која ја добива Северна Македонија е од големо значање, Рамката за соработка е основа на граѓаните да им се овозможат подобри услови за живот, како и за инвестиции во подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, инвестиции во инфраструктурата, развој на човечкиот потенцијал и зајакнување на менаџирањето со јавните финансии, се наведува во соопштението.

Со изработка на новата Рамка за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, како што посочуваат од Владата, значително ќе се зголеми финансиската поддршка за земјава и ќе биде речиси двојно повисока од досегашната.

На средбата било оценето дека ваквиот вид на соработка претставува потврда на поддршката што доаѓа од сериозен партнер, а со тоа се испраќа силна порака до меѓународните партнери и инвеститори.

Соговорниците изразиле задоволство од долгогодишното патнерство, како и за развојните резултати постигнати во годините на соработка.

Tags: БасаниКовачевскиТирана
Next Post

Мурињо ќе ја напушти Рома на крајот на сезоната

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk