Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со рускиот диктатор Владимир Путин во Пекинг на 17 октомври, објави Орбан на Фејсбук.
„Денес сите во Европа се загрижени со едно прашање: дали ќе има прекин на огнот во Украина“, напиша Орбан на фотографијата од средбата. „За нас Унгарците најважно е приливот на бегалци, санкциите и конфликтот да заврши“, додаде тој.
За време на средбата, Путин рече дека му е мило што односите со многу европски земји, вклучително и Унгарија, „се зачувуваат и развиваат“.
Орбан му рекол на Путин како одговор дека неговата влада е заинтересирана за продолжување на економската соработка со Русија „се додека тоа е можно“, според Кремљ.
Ниту Путин, ниту Орбан експлицитно не ја спомнаа Украина, туку мислејќи на тешката „ситуација“ во Европа.
Орбан и Путин престојуваат во главниот град на Кина на форумот „Појас и пат“, кој започнува на 17 октомври.
Дводневниот форум има намера да ги истакне успесите на Иницијативата „Појас и пат“, глобален инфраструктурен проект на Кина кој има за цел да ги поврзе трговијата и инвестициите по некогашните патишта на „Патот на свилата“.
Орбан е единствениот лидер од Европската унија кој присуствуваше на самитот. И покрај тоа што Унгарија е членка на ЕУ и НАТО, владата на Орбан одржува врски и со Русија и со Кина.
Во рамките на ЕУ, Будимпешта има историја на спротивставување на меѓународните санкции против Русија додека го блокираше финансирањето на Украина.
Орбан се сретна со кинескиот лидер Си Џинпинг претходно на 17 октомври, додека Путин треба да се сретне со Си на 18 октомври.
По посетата на Киргистан предходно овој месец, ова е второ патување на Путин во странство, откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење поради неговата улога во илегалната депортација на украинските деца во март 2023 година.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа