„Компанијата Вивакс е уште еден пример за тоа како ЕУ помага да се направи промена овде во Северна Македонија. Земјоделството е дел од идентитетот на ова земја, најзначаена култура и историја тоа е исто така една од најголеми адути, сакаме земјоделците , производителите и оние кој работат во секторот да ја обликуваат нејзината иднина, иднината во ЕУ, иднина како дел од европскиот пазар во ЕУ.“, истакна евроабасадорот во земјава Дејвид Гир.
Тој додаде дека нашата земја е водечка земја во самиот регион кога зборуваме за употреба на фондови кој што ЕУ ги има посветено како поддршка на секторот земјоделство а тоа е програмата на ЕУ ИПАРД и истакна дека се разбира дека до сега ЕУ има обезбедено некаде 223 милиони евра во рамките на ИПАРД програмата. Не одамна ЕУ ја зголеми својата поддршка преку нова програма на ИПАРД која што е во вредност од 97 милиони евра…
„И ако се прашуваме како сето тоа се прави, се разбира дека ова исто така може да помогне за развој на локалните бизниси и со зголемување на можностите за работни места тука во самата земја, имајќи во предвид дека Вивак во овој момент вработува 120 вработени, ЕУ е исто така веќе има дадено поддршка на повеќе од 3 000 слични проекти ширум земјата бидејќи ние веруваме во македонското земјоделство…“, заклучи Гир.