ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Планот на ЕУ за забрзана интеграција го прави реално и опипливо членството во ЕУ до 2030

October 20, 2023 12:44
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Живееме во нов геополитички момент каде итноста на нашите евроинтеграции никогаш не била поизразена. Руската воена агресија врз Украина како ниту една друга криза порано го вклучи алармот дека ЕУ мора да ја активира политиката на поширување и да презема обврска за редефинирање на својата улога во регионот, рече вицепремиеорт за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што Собранието ја организира заедно со ПССЕ.

Според него, јасно е дека војната во Украина и настаните во нашиот регион и на Блискиот исток повторно го отвораат прашањето за иднината на Европа, но и за иднината на ЗБ кој е, вели, мета на надворешни влијанија и пропаганда и затоа не смее да се изгуби фокусот на европската перспектива за државите од ЗБ.

-Интеграцијата на земјите од регионот заедно со земјите од поранешното Источно партнерство, пред се Украина и Молдавија, до 2030 година не е само наша цел и интерес туку е геостратегиско прашање од огромно значење за регионот, за европскиот мир, стабилност и безбедност. Ова е клучот за да се врати довербата и популарноста за идејата на ЕУ која секогаш треба да доминира над националистичките идеи во нашиот регион но и насекаде низ Европа. Таа идеја треба да доминира со наш ангажман кај граѓаните но и евроинтеграцијата како процес бидејќи нашето пристапување во ЕУ во должина на времетраењето соборува рекорди во споредба со претходните рунди на проширување, рече Маричиќ.

После 20 години од Самитот во Солун и ветувањата за членство денес, вели тој,  не сме сеуште таму каде што сакавме и требаше да бидеме, но секако дека сме на добар пат за да ја оствариме нашата цел. При тоа нагласи дека од големо значење е што ЕУ сега не ја ветува само реторички перспективата на ЗБ во ЕУ туку нуди конкретен план за забрзана интеграција кој го прави реално и опипливо членството во ЕУ до 2030.

-Да очекуваме наскоро и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен да го посети нашиот регион токму во оваа насока. Сите планови документи од нашите европски партнери во врска со пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ како и за останатите држави во регионот се многу важни за забрзано надминување на сегашните предизвици со кои се соочуваме во овој процес и ефикасно спроведување на реформите за целосна европеизација на нашето општество, вели вицепремиерот за европски прашања.

Тој го поздави и се поголемиот ангажман токму на ПССЕ кој, според него, има суштинска улога во европската перспектива на ЗБ преку засилување на активниостите на меѓупарламентарна соработка насочени кон зајакнување на демократската отпорност, институционалниот капацитет, одржливоста на реформите.

Северна Македонија, вели Маричиќ, според предвиденото темпо напредува во преговорите со ЕУ, процесот на скрининг е во завршна фаза и интензивно работиме на стратешките документи со клучните приоритети кои треба да го забрзаат реформскиот процес во клучните области токму од кластерот Фундаментални вредности, со цел нивно отворање за време на шпанското претседавање со ЕУ.

-Европската интергација не е само опција за државите од регионот таа е најдобра, најразумна и единствена алтернатива за нас. Заживувањето и интензивирањето на интегративниот процес од страна на ЕУ со план и конкретни задачи за членство до 2030 година ни дава  шанса да го постигнеме она што го чекаме скоро две децении, а таа шанса нема да ни биде достапна до недоглед, рече Маричиќ.

Оваа и следната година, потенцира тој, се клучни за европската перспектива на нашиот регион.

-Регионот ќе оди напред а ние сакаме Северна Македонија да биде во чекор со другите. Треба да бидеме и должни сме да бидеме дел од оваа успешна приказна што ќе ја испишеме заедно со ЕУ и другите држави од регионот. Верувам дека нема непремостливи пречки. Убеден сум дека Собранието и пратениците ќе бидат на нивото на задачата и ќе водат конструктивен дијалог со кој брзо и ефикасно ќе ги исполнуваме обврските и ќе ги надминуваме предизвиците. Во наш интерес и во интерес на граѓаните е да продолжимне напред и да бидеме обединети во идејата за просперитетен и интегриран регион во ЕУ, порача вицепремиеорто Бојан Маричиќ во своето обраќање.

Tags: КонференцијаМаричиќСобрание
Next Post
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Алиу: Измените на Законот за АВМУ наскоро во Собрание

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk