Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Украина во текот на зимата ќе и возврати на Русија доколку Москва изврши воздушен напад со цел да ја парализира националната енергетска мрежа.
– Оваа година не само што ќе се браниме, туку и ќе одговориме, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој истакна дека Кремљ е свесен за подобрената готовност на Украина да одговори на руските напади.
– Непријателот добро го разбира ова. За почеток, тие ја преместија својата флота од Крим, а сега ја преместуваат авијацијата подалеку од нашите граници, посочи Зеленски.
Извор: МИА