Руските пропагандисти лажирале оглас со јазични грешки дека наводно се бара со потерница „платеник“ од Полска за убиство во Украина.
Медиумите од дувлото во Кремљ, како што пишува Укринформ, и каналите z-Telegram споделуваат фотографија од маж кого наводно го бара украинската полиција. Според пропагандистите, украинските безбедносни сили трагаат по полски државјанин кој наводно служел во вооружените сили на Украина, избегал од воена единица во регионот Полтава и извршил убиство.
Ова е фабрикувана лажна вест. Такво лице не е на списокот на барани лица што е достапен на официјалната веб-страница на Националниот полициски оддел во регионот Полтава, каде што се објавени сите податоци за злосторствата во регионот.
Лажираната потерница содржи фрази типични за рускиот јазик и грешки.
Претходно руските пропагандисти ширеа фалсификати дека Полска создава цел пешадиски корпус за војната во Украина и ѝ дава тенкови Леопард 2 на Украина заедно со полски посади.
Подготви: Ј. Ѓ.