Десет полицајци се повредени во судир со група затвореници при денешниот претрес во полуотвореното одделение во Казнено поправната установа Идризово. Како што соопшти МВР, при преземањето на службените дејствија, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, соопштуваат од МВР, но како што велат, по преземени мерки и активности затворениците биле совладани.
Притоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, како и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
При претресот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, пронашле 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон, како и дрога.