„ВМРО-ДПМНЕ има проблем со самопроблематизирањето на одредени работи. Наметнувате работи за идентитетот, јазикот, посебноста, а сето тоа е затворена и гарантирана тема. Ако сметате дека имате вие проблем, кажете им на граѓаните дека имате проблем со тие работи и сакате тие работи да бидат проблем“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во дебатата на „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат искрени и да кажат дали сакаат идентитетот, јазикот и посебноста да бидат проблем и да се извинат за искажаните лаги.
„Лажевте дека јазикот ќе исчезне, дека ќе биде фуснота или било што, лажевте дека идентитетот не ни постои. Се потврди дека не е така и не се извинувате. Лажевте дека ќе има избори на секои три месеци, викавте само што не дојдовме на власт. За тоа треба на вашите членови да им се извините“ рече Каевски.
Пратеникот додаде дека секогаш кога има важни прашања за одлучување во државата, ВМРО-ДПМНЕ се служи со лаги и манипулации, а кога тие лаги се разоткриени со вистина и факти тогаш стануваат нервозни.