ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска во Атина: Вештините на јавната администрација мора постојано да се унапредуваат, особено во делот на дигитализацијата

November 1, 2023 15:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Административниот систем во една држава е од големо значење, бидејќи, од една страна, треба да е на услуга на граѓаните, а од друга, да е носител на реформските процеси, истакна вицепремиерката Славица Грковска на денешниот работен состанок со заменик-претседателот на Националната школа за јавна администрација на Грција Василис Егзархос во Атина.

Во таа насока, додаде Грковска, Северна Македонија е посветена на реформите кои ќе го зајакнат административниот капацитет на државата, имајќи предвид дека иако во администрацијата има превработеност, сепак има недостаток на стручни кадри, известуваат од нејзиниот кабинет.

– Егзархос информираше дека главниот фокус на Националната школа за администрација се обуките на јавната администрација, кои се усогласени со описот на работните задачи што конкретниот административец ги извршува. Тој предложи, во соработка со македонските власти, заеднички да работат на обуки на администрацијата преку твининг програми на Европската Унија, кои се наменети за држави кои не се членки на Европската Унија, соопштуваат од кабинетот на Грковска.

На средбата се разговарало и за реформите кои Грција ги спроведува во однос на високораководната служба во јавната администрација, кои ќе бидат висококвалификувани јавни службеници.

– Вицепремиерката Грковска нагласи дека мора да се работи на јакнење на вештините, на интегритетот и одговорноста кај административните службеници, но и на нивно обучување во делот на дигитализацијата, за што искуството и праксата на Грција може да биде од значајна корист, известуваат од кабинетот на вицепремиерката.

Грковска информирала дека нашата држава во моментов работи на подготовка на целосно нови законски решенија за административни службеници, за вработени во јавен сектор, како и за високораководна служба, од кои се очекува да обезбедат зајакнување на мерит системот при вработувањето во јавната администрација.

Tags: администрацијаатинаГрковска
Next Post

Унгарија им забрани на малолетниците да ја посетат изложбата на „Ворлд прес фото“ поради ЛГБТ содржина

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk