Повеќе од 165.000 авганистански мигранти го напуштија Пакистан во октомври и се вратија во својата татковина откако истече ултиматумот на владата доброволно да заминат наместо да бидат депортирани.
Повеќето од овие луѓе ја поминаа границата во последните денови.
Пакистанската Влада им даде рок на околу 1,7 милиони илегални Авганистанци до 1 ноември да ја напуштат земјата.
Над 165.000 луѓе избраа да заминат по сопствена волја наместо да бидат уапсени и испратени во притворните центри изградени за да се олесни нивното протерување.