Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на главниот град изрече вкупно 263 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.
Како што соопшти МВР, изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 34 санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.