Способноста на украинската армија да ја погоди бродоградежната инфраструктура на Крим најверојатно ќе ја натера Русија да размисли за преместување, одложувајќи ја испораката на нови бродови, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, во разузнавачкиот извештај објавен на X (Твитер).
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 07 November 2023.
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/mJk7yUUbed
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/FSziY6DU4F
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) November 7, 2023
Како што објавија украински и руски извори, на 4 ноември 2023 година, новоизградената руска поморска корвета речиси сигурно била оштетена откако била погодена додека била покрај бродоградилиштето Залив во Керч, окупиран Крим, се вели во извештајот.
Асколд од класата Каракурт, лансиран во 2021 година, не бил пуштен во употреба во руската морнарица.
„Способноста на Украина да ја погоди бродоградежната инфраструктура на Крим најверојатно ќе ја натера Русија да размисли за преместување подалеку од линијата на фронтот, одложувајќи ја испораката на нови бродови“, соопшти Министерството.
Подготви: Ј. Ѓ.
Поврзано:
Украинците уништиле новоизграден руски борбен брод во Керч на Крим