ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Научниците ја разоткрија мистеријата за африканските слонови кои умираат еден до друг

November 7, 2023 12:16
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кога 35 африкански слонови во Зимбабве умреа кон крајот на август и ноември 2020 година, научниците беа збунети. 11 од нив починале во рок од 24 часа, па било јасно дека причината не може да биде природна. Но, тие не знаеја за што се работи. Истражувањето сега е при крај, а во извештајот што го објавија се вели дека е поголема веројатноста да се појават епидемии во условите создадени од тековната климатска криза.

– Тие загинаа еден до друг и тоа е многу мистериозно. Да, многу животни умираат доста блиску еден до друг, но не толку случаи за толку краток временски период. Тоа беше уникатен случај – изјави за Си-Ен-Ен Крис Фогин, ветеринар во Фондацијата за диви животни во Викторија Фолс во Зимбабве, кој е коавтор на студијата за причината за смртта.

Претходно истата година, околу 350 слонови исто така ненадејно умреа во период од три месеци во соседната северна Боцвана. Експертите не знаеле за што се работи – го вперувале прстот кон ловокрадците (иако слоновите имале заби), се прашувале дали можеби станува збор за труење (иако наоколу немало мртви животни од кој било друг вид, што обично секогаш се случува при труење) или сушата е виновна за се. Смртта на слонови во Боцвана се припишува на цијанобактериски невротоксини, но не се објавени дополнителни детали, се вели во студијата. Фогин рече дека нема докажана врска помеѓу смртта на слоновите во Зимбабве и Боцвана.

Резултатите од анализата беа објавени на 25 октомври во списанието Nature Communications и тие наведуваат дека наодите откриле дека се работи за инфекција со малку позната бактерија наречена Bisgaard таксон 45 која го предизвикала труењето на крвта. Фактот дека ресурсите на храна и вода се намалиле во текот на сушната сезона ги натерало слоновите да патуваат на поголеми растојанија.

Авторите сметаат дека топлината, сушата и густината на населеност во областа веројатно придонеле за оваа несреќна ситуација, а најлошо од сè, сметаат дека ваквите ситуации ќе се случуваат се почесто како што нашата планета се загрева.

– Прерано е да се каже дека климатските промени влијаеле на ова, но доколку во иднина има повеќе долготрајни суши и годишните времиња се поостри, веројатно е дека таквите ситуации ќе се повторат, изјави Фогин.

Таксонот 45 на Бисгард претходно беше поврзан со рани од каснување од тигар и лав кај луѓето. Бактеријата е пронајдена и кај верверички и здрави папагали во заробеништво.

Микроорганизмот, кој нема официјално име, е тесно поврзан со друга, почеста бактерија позната како Pasteurella multocida, која може да предизвика хеморагична септикемија кај други животни, вклучително и азиските слонови.

Бактеријата, според студијата, била поврзана и со масовното изумирање на 200.000 критично загрозени антилопи саига во Казахстан во 2015 година.

Фогин рече дека истражувачите го следеле дивиот свет во областа за присуство на бактеријата, но од 2020 година, не е потврдена натамошна смрт на слон од таксонот 45 на Бисгард.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: мистериозна смртслонови
Next Post

Кој на крајот ќе ја управува Газа на долг рок?

Shortcut

Најново

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk