Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Третата светска војна, како што може да се види, се води против Македонија. Ѓурултиите на Блискиот исток и во Украина се настани на маргините на светските напори да се уништи Македонија.
Јас така го разбирам првиот академик од трето одделение.
Се плашам затоа што неговата моќ е обратно пропорционална на неговата памет.
Како што вморонскиот крт рие низ македонската земја и нација градејќи ги своите тунели како Газа за раните на Македонија.
Виктор Иванчиќ се прашуваше колкав патриотски набој може да поднесе градниот кош на просечниот Хрват?
Не се сеќавам дека кажа некоја бројка, ама јас мислам дека веруваше дека може да издржи до 120 атмосфери.
Хахаха!
Јас мислам дека градниот кош на просечниот Македонец може да издржи неограничен патриотски набој, затоа што притисокот го трансферира низ вентилот што се вика шупак или му се префрла во главата како национализам и таму прави каша од неговата сива маса.
Супстанцата на неговиот патриотски набој е театрална, односно не е супстанца.
Не е ништо.
Глупост од глупа категорија.
Повеќе е нешто како ветер и магла или поза.
Патриотизмот е (Иванчиќ) израз на нагонот на слепиот самоубиец за удирање со главата во ѕид.
Тој може да се култивира кај поединци (Тричковски), но кај народите секогаш е второ име за феномените што се викаат национализам и фашизам.
И смрт.
Кај неконсолидирани народи каков што е македонскиот, смртта со удар на главата во ѕид може, евентуално, да биде заменета со сечење на вените во када со вруќа вода од Сандански.
Патриотизмот=национализмот е вмро жилет од најновата генерација. Смртта може да се случи и како резултат на пеењето на патриотски песни (Ваташа, Нешто ќе те питам бабо, Дај ми дедо луле тутун да отрујам душманите) со плачење од кое патриотската пудра натрупана со лопати им се слева на Македонците низ лицето во носот и устата и ги умира.