ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи-Коломина: Забрзување на евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан како влог во регионалната стабилност

November 8, 2023 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со заменик помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика и специјален претставник на Генералниот секретар на НАТО за Кавказ и Централна Азија, Хавиер Коломина.

Како што соопшти МНР, во фокус на средбата беа безбедносните состојби во Западен Балкан, при што заедничко беше констатирана потребата од синхронизирано делување на НАТО и ЕУ на нашите простори со цел забрзување на процесите на евроатлантска интеграција.

Според соговорниците, ваквиот чекор е клучен за зајакнување на регионалната стабилност, а воедно ќе го спречи делувањето на трети земји во нашиот регион. Во овој контекст, Османи ја потврди силната посветеност на Северна Македонија кон политиката на НАТО на отворени врати.

-Ја истакнав и улогата на Северна Македонија како актуелен претседавач со САД – Јадранската Повелба или позната како А5, во насока на поттикнување на евроатлантските интеграции на земјите од регионот и зачувување на регионалната безбедност. Ние како претседавачи во тесна координација со земјите членки ја поставивме основата за креирање нов Стратешки концепт на А5, чија главна цел е зајакнување на соработката на земјите од Повелбата кои се членки на НАТО, како и овозможување поголем ангажман и доближување до вредностите на Алијансата на земјите од А5 кои не се НАТО членки, рече Османи. 

Tags: КоломинаМНРОсманисредба
Next Post

Фон дер Лајен: Во интерес на Косово е да го усвои нацрт статутот на ЗСО

НАЈНОВО

Федерацијата со апел до навивачите да дадат поддршка на македонските кошаркарки за мечот со Унгарија

August 19, 2025

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

August 19, 2025

Ангелов: Сè уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk