ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски изгледа немаше со што да се пофали што сработел за две години, па ја критикуваше Владата

November 8, 2023 14:52
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако наследи полна општинска каса, за половина мандат Тимчо Муцунски не успеа да започне ниту една капитална инвестиција, а потрошил 30 милиони евра народни пари. 

И додека од опозицијата во Советот му замеруваат на Муцунски што не ги исполнува ветувањата, граѓаните му замеруваат за Деталниот урбанистички план за населба Лисиче, за обидите да ја задолжи една од најбогатите општини со општинска обврзница и сметаат дека по половина мандат, она што го направил тој е премалку за најголемата скопска општина.

Говорејќи за работата на владата предводена од СДСМ и ветувањата за реализација на проекти во Аеродром, Муцунски потенцираше дека ниту едно ветување дадено од нивна страна досега не е реализирано, но сепак ова не е точно.

Додека беше пратеник, како претседател на собраниската комисија за финансирање и Буџет, Тимчо Муцунски го блокираше носењето на законот за заем од Светска банка за реконстукција на локални патишта повеќе од една година.

Всушност Владата го изгради целосно новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во Лисиче, со капацитет од над 700 деца во вредност од над 60 милиони денари.

Исто така направи реконструкцијата на патот во Долно Лисиче кој ги поврзува Јурумлери и Драчево, во должина од 4 километри, во вредност од 800.000 евра, е изведена од ЈП за државни патишта, а над 30.000 евра чинеше реконструкцијата на 10 краци на водоводната мрежа во Долно Лисиче. Околу 126.000 евра издвои Општина Аеродром заедно со Владата за реализацијата на овој проект во 2018 година.

Реконструкцијата на улиците Мите Богоевски и Црноризец Храбар во населба Лисиче во вредност од 43 милиони денари е целосно финансирана од Владата преку Министерството за транспорт и врски.

Муцунски доби и донација од Државната лотарија во висина од 2,6 милиони денари за реконструкцијата на дворот на училиштето Браќа Миладиновци во населбата Острово.

Летово Министерството за внатрешни работи почна да го гради новиот објект на полициската станица во Аеродром во вредност од 130 милиони денари.

Додека беше пратеник, како претседател на собраниската комисија за финансирање и Буџет, Тимчо Муцунски го блокираше носењето на законот за заем од Светска банка за реконстукција на локални патишта повеќе од една година.

Дали е тоа истиот Тимчо Муцунски кој сега како градоначалник бара заем со обврзница во висина од 5,5 милиони евра, со рок на отплата од 10 години и 5% годишна камата? При тоа, потенцирам дека Општина Аеродром е доведена во ситуција да бара заем за прв пат од нејзиното основање.

Ете тоа се резултатите од работењето на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром. Две години само лаги, неработење и празни изговори.

Што вети, а не исполни Муцунски

Нема нови градинки, нова гимназија и „зелено“ училиште, Нема нови 100.000 м2 паркови и зеленило, Нема нови 3.000 паркинг места, кружни текови, велосипедски, пешачки и трим патеки, Нема нова општинска зграда со кино, театар, гејминг соба и хаб за млади

Тој вети четири нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долоно Лисиче, од кои најмалку една требаше да биде пуштена во употреба до крајот на 2022 година, останатите до крајот 2023 година. Половина мандат помина, нова градинка во Аеродром нема.

Во првата половина од мандатот Муцунски вети и проширување на објектите на градинките Сонце и Лале, како и реконструкција на градинката во населба Лисиче, а секако не се изгради ниту паркот Радост на 6.000 метри квадратни во Реонски центар кај станицата за технички прегледре кој тбаше да биде готов уште лани.

Мицкоски присуствуваше на почетокот на активностите за подигнување на паркот, но потоа ништо.

Во првата половина од мандатот на Муцунски, Општина Аеродром требаше да добие и нова гимназија, нова општинска зграда, нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром, нов мулрифункционален центар со простории за младински центар, нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче, нова спортска сала во Долно Лисиче, Музеј на МЗТ, кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче.

Исто така не е формиран ниту ветениот енергетски фонд за реконструкција на фасадите на зградите во Аеродром, планиран за 2022 година. Еднократната помош за новороденче требаше да биде зголемена од 8.000 на 20.000 денари до крајот на 2022 година.

Исто така не се промовирани ниту од стипендиите за млади таленти во износ од 30.000 денари. Ништо и од спортските субвенции за млади во износ од 600 денари. До крајот на 2022 година требаше да бидат завршени и сите постапки за легализација.

Градска.мк испрати прашања до општина Аеродром околу висината на капиталните инвестиции, околу зелената обврзница и дали за одлуката за интонирање на химната се консултирани родителите.

Нема информации за зелената обврзница?

Засега нема имформации од Општина Аеродром што се случува со зелената обврзница со која општината се задолжуваво висина од 330 милиони денари (околу 5,4 милиони евра) за реализација на капитални проекти во општината. Одлуката за задолжување беше изгласана на седница во јануари со 15 гласа ‘за‘ и 12 ‘против‘. Задолжувањето, како што стои во одлуката, ќе се врши преку издавање обврзици.

Против одлуката за задолжување гласаа советнците од СДСМ и Левица. Советникот од СДСМ Милутин Ристевски вели дека со одлуката ниту еден проблем не се решава трајно и задолжувањето Муцунски не го ветил во неговата изборна програма.

„Не се знае колкави камати ќе се плаќаат на овој кредит. Од одлуката се гледа дека од овие средства се планирани две и пол градинки, а не 4 како што ветуваше пред изборите. Планирани се 2 доградби и 0 нови училишта. Ниту еден проблем не се решава трајно. Ниту недостатокот на градинки, ниту недостатокот на училишта, ниту недостатокот на паркинзи и улици. Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат нов проблем, долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години. Ова задолжување Муцунски не го вети во својата градоначалничка програма“, рече Ристевски.

Соња Танеска / Градска.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

Плановите на ЕУ да се исчисти од руските фосилни горива

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk