ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„На Точак“ за изградбата на улицата Васко Карангелески: Оваа градска власт не учи од грешките туку ги копира

November 10, 2023 12:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „На Точак“ на група ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје, реагира на завршувањето на изградбата на улицата Васко Карангелески, што беше објавено од страна на Град Скопје како „проект со чија реализација се овозможува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општина Аеродром“.

„Град Скопје сподели дека „Завршена е изградбата на улицата Васко Карангелески“. „Изградбата“ е проширување на коловоз на улица до училиште, базен, полициска станица. Проширување за кое и покрај протестите и предупредувањата од јавноста, жителите и експертите беа исечени десетици возрасни дрвја, за која беше асфалтирано многу зеленило, за која се уништи мирот на децата и жителите. Што е потрагично – за се ова беа предупредувани градските власти со години“, велат во објавата „На Точак“.

Оттаму потсетуваат дека улицата „беше проектирана во мандатот на Коце Трајановски, а за хоророт што ќе следи беше предупреден градоначалникот Петре Шилегов“.

„Сегашната градоначалничка Данела Арсовска ветуваше дека ќе го ревидира планот и нема да дозволи да се сечат дрвја или да се одзема зеленило за на крај да го изведе истиот проект од претходниците. Дури и градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски излегуваше на протестите организирани за зачувување на зеленилото.

Но на крај добивме уште еден автодром со 4 предимензионирани коловозни ленти. А „велосипедската патека“ е уште една патека за контејнери.

  1. Градоначалничката ветуваше во предизборието дека ќе ги дислоцира контејнерите од вело патеките, а сега поставува нови на новите патеки.
  2. Дури и да морало таму да има контејнер, дали е логично да нема заобиколување и тоа да се ОБМИСЛИ и изведе ОДНАПРЕД, а не да се “тупнуваат” отпосле?

Сериозно, не знаевте дека ќе требаат контејнери на улицата кога се правеше проектот?

Се изненадивте?“, прашуваат од Иницијативата.

Нагласуваат дека „зеленилото што е засадено е жардињерско, наместо дрвја кои прават сенка и растат со децении.

„Толку густо се засадени дрвцата што мораме да се запрашаме дали има некаква цел освен купување (трошење повеќе јавни пари) и броење поголем број садници?! (небитен квалитетот и видот, битно засадиле толку и толку „дрвја“). А од тој ѕид од дрвца не се гледаат пешаците кои излегуваат на преминот бидејќи крошните на дрвцата се ниски колку мали деца. Пред пешачките премини учениците ќе бидат невидливи за возачите на коли“, се наведува во објавата.

Од Иницијативата велат дека „од катастрофалната изведба се жалат и самите жители во коментари на постот на Фејсбук од Град Скопје.

велосипедска патека на улица Васко Карангелески. Фото: објавено во коментар на фб страницата „На Точак“

„Изведбата на велосипедската патека е под секое ниво, брановидна, како рачно тапкана со лопата, а не со механизација. Ако досега пишувавме дека последните реконструкции на улици се пропуштени шанси за подобра велосипедска инфраструктура (пр. ул. Есенинова, Даме Груев, АСНОМ), оваа шанса не само што е пропуштена туку е свесно прокоцкана. Оваа градска власт не учи од грешките кои беа правени пред 10-15 години туку ги копира“, потенцираат во објавата „На Точак“.

Данела Арсовска на увид во изградбата на улица Васко Карангелески, Скопје, Аеродром. Фото: Град Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска во соопштение од Град Скопје, наведува дека „со изградбата на улицата жителите на овој дел од Скопје добиваат ново сообраќајно поврзување помеѓу булеварите АСНОМ, Јане Сандански и Трета македонска бригада, со што значително ќе се намали сообраќајниот метеж со кој беа секојдневно соочени жителите на Аеродром“.

Ваквите сообраќајни решенија покрај својата основна функционалност ја зголемуваат безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот – истакна градоначалничката Арсовска.

Арсовска додаде дека овој проект претрпе повеќе измени за да се зачувува зеленилото, бидејќи во претходниот проект беше предвидено сечење на дрворедот по целата должина на улицата.

„Со промените коишто ги направивме во проектот, над 100 дрвја беа зачувани, а со специјална машина за пресадување на дрвја се пресадија повеќе здрави дрвја на потегот кај основното училиште „Љубен Лапе“ и на локација на самата крстосница. Деновиве во рамките на есенската акција по должината на улицата се засадени 825 нови садници“, вели Арсовска.

Од Град Скопје истакнуваат дека „со ова целосно ново булеварско решение и поврзување со две коловозни ленти во двата правци, во должина од 1.100 метри и вкупна површина од 10.600 квадратни метри улицата има нови пешачки и велосипедски патеки од двете страни, како и ново јавно осветлување, а на дел од трасата на улицата се изгради нова атмосферска канализација.

Ј. Ѓ.

Tags: АрсовскаНа ТочакСкопје
Next Post

СЗО: Бомбардирана болницата Ал Шифа во Газа, надвор од употреба се 20 болници во Појасот Газа

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk