ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шефот на израелската дипломатија побара од Гутереш да поднесе оставка во ОН

November 14, 2023 18:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ

Израелскиот министер за одбрана Ели Коен денеска го повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да поднесе оставка, бидејќи, како што наведе, „не унапредил никаков мировен процес на Блискиот Исток“.

Коен барањето го изложи за време на посетата на канцелариите на ОН во Женева, како и за време на состаноците со Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Светската здравствена организација (СЗО), пишува „Тајмс оф Израел“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, не заслужува да ги води ОН. Тој не промовираше никаков мировен процес во регионот. Гутереш, како и сите слободни нации, треба јасно и гласно да каже: „Ослободете ја Газа од Хамас“, рече Коен на прес-конференција во Женева.

Коментарите на Коен следат откако Гутереш претходно остро го критикуваше Израел, велејќи, меѓудругото, дека иако нема оправдување за злосторствата извршени од Хамас, „тие не се случија во вакуум“.

За време на состанокот со претседателката на Меѓународниот Црвен крст, Мирјана Шпољариќ Егер, Коен побарал Црвениот крст „да работи преку сите канали“ за да обезбеди посети на заложниците што ги чува Хамас во Газа.

Очекуваме Црвениот крст да го стави ова прашање на врвот на приоритетите на организацијата, да ги искористи сите начини на притисок и да не стои во место додека не ги посети сите заложници, не ја процени нивната состојба и не се увери дека ќе биде обезбедена соодветна медицинска нега, истакна шефот на израелската дипломатија.

На состанокот присуствуваше и израелскиот министер за здравство Уриел Бусо, како и неколку членови на семејствата на заложниците кои ги држеше Хамас.

Г. Т.

Tags: ГутерешЕли КоенОНоставкаповик
Next Post

Голем Марш за Израел во Вашингтон: „Никогаш нема да не истребите“

НАЈНОВО

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

Мицкоски за случајот Кочани: Се воздржувам да коментирам, оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk