Ја информираме јавноста дека денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, почина нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ, соопшти неговото семејство, пренесуваат медиумите во регионот.
За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана – изјави во име на семејството неговата сопруга Анита Лаушевиќ.
Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње, Црна Гора.
Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, а бил член на Југословенскиот драмски театар. Своето филмско деби го имаше во 1982 година, со улога во продукцијата „Прогон“.
Во своето богато уметничко творештво има голем број филмови, серии, театарски претстави, но и неколку книги. Неодамна беше емитувана серија базирана на неговите книги и неговиот живот наречена „Падот“. Лаушевиќ напиша серија книги со поднаслов Дневникот на еден затвореник, за годините поминати во затвор. Серијата се состои од: првата „Година поминува, ден никогаш“ (2011), потоа „Втората книга“ (2013) и „Сè поминува, дури и за живот“ (2018), „Падре, идиот“ (2022). Сите тие имаа огромни тиражи.
За животот на Лаушевиќ е снимен и филмот „Лауш“ (2014) по идеја, сценарио и режија на Бранка Бешевиќ Гајиќ.