ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

November 15, 2023 14:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.

ММФ посочува дека во изминатите осумнаесет месеци, Народната банка соодветно ја затегнуваше монетарната поставеност, што доведе до забавување на кредитниот раст и намалување на вкупната и базичната инфлација, коишто се намалија за повеќе од половина во однос на максимумот постигнат лани, при истовремено стабилизирање и на девизниот пазар. Сепак, се истакнува дека постојат нагорни ризици за инфлацијата во следниот период, коишто се поврзани пред сѐ со евентуалното опстојување на досегашниот висок раст на номиналните плати во економијата. Поради ова, се препорачува монетарната политика да остане соодветно затегната, а во случај овие ризици да се остварат, се посочува на потребата од нејзино дополнително затегнување.

Понатаму, се посочува дека надворешнотрговското салдо значително е подобрено во однос на минатата година, во еден дел под влијание на остриот пад на глобалните цени на енергијата. Ваквите движења, заедно со натамошниот прилив на странски директни инвестиции, позитивно влијаат врз девизните резерви, коишто и натаму се на соодветно ниво.

Во поглед на банкарскиот систем, ММФ смета дека тој е отпорен и покрај огромните глобални шокови, благодарение на силните биланси на банките пред почетокот на пандемијата, но и на мерките преземени од страна на централната банка за нивно дополнително зајакнување. Банките се ликвидни, добро капитализирани и профитабилни, депозитите и кредитите и натаму бележат раст, додека нефункционалните кредити се на историски најниското ниво. Мисијата на ММФ искажува поддршка за макропрудентните мерки донесени од Народната банка, коишто помагаат за задржување на финансиската стабилност преку намалување на притисоците на пазарот на недвижности.

Tags: ММФНародната банка
Next Post

Од ковид во октомври во земјава починале 11 лица, превентивните мерки да се почитуваат

Најново

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk