ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почина Мето Јовановски еден од најнаградуваните македонски актери

November 16, 2023 14:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Почина доајенот на македонската актерска сцена Мето Јовановски. Тажната вест ја пренесе актерот Драган Спасовски Дац на социјалните мрежи.

Мето Јовановски е роден во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско. Завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

Со своите филмски улоги во: „Среќна Нова 49-та“, „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“ и уште шеесетина други остварувања, тој остава траен белег во македонската и југословенската кинематографија.

Јовановски е еден од најнаградуваните македонски филмски и театарски актери.

За своите театарски, филмски и телевизиски улоги ги има добиено државните награди: „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“. Тој е добитник и на наградите „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, како и награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир 2022. 

  • Пет пати прогласен за Глумец на годината според списанието „Екран“;
  • Седум пати наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп;
  • Четири пати Лауреат на наградата „Милтон Манаки“
  • Награда на градот Скопје „13 Ноември“
  • Републичка награда „11 Октомври“ за поединечно глумечко остварување (1980)
  • Републичка награда „11 Октомври“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на државата (1982);
  • Државна награда на Република Македонија награда „Св. Климент Охридски“
  • Златен венец на Фестивалот на Малите и експериментални сцени во Сараево (МЕСС), двапати за улогите во „Еригон“ и „Карамазови“;
  • Златна маска од весникот „Вечер“ за улогата на Порфирие во „Злосторство и казна“ (Охридско лето)
  • Две Гран-при награди на Филмскиот фестивал во Ниш за остварувања во филмовите „Среќна нова `49“ и „Тетовирање“
  • Награда за најдобра машка епизодна улога во филмот „Црвениот коњ“, на Филмскиот фестивал во Ниш;
  • Златна значка во Филмскиот фестивал во Врњачка Бања
  • Златна клапа во Белград, за придонес во филмската уметност
  • Награда за најдобра машка улога на Меѓународниот фестивал на експериментални сцени во Риека, за улогата на Бесемјонов во „Малограѓани“ од Горки, во режија на Паоло Маџели, работена во Црногорско народно позориште;
  • Награда 11 октомври за особено за особено сначајни остварувања од областа на уметноста 2001 година
  • Награда за најдобра машка улога за улогата на Момо во претставата „Комшилук наопаку“, на меѓународен театарскиот фестивал „Маруличеви денови“ – Сплит, 2008
  • Мето Јовановски е почесен член на Црногорско народно позориште;
  • Награда на театарскиот фестивал „Ристо Шишков“ – 2008, за најдобро глумечко остварување во претставата „Коза, или која е Силвија“ од Едвард Олби, во режија на Дино Мустафиќ, Драмски театар.
  • Награда „Петре Прличко“ – 2010
  • Награда Св “Јоаким Осоговски” – 2013
  • Награда за животно дело Војдан Чернодрински 2015
  • Награда “Омаж” 2019
  • Награда Киненова за особен придонес во филмската уметност 2021
  • Награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир “Златен чадор” 2022
  • Награда на фестивалот “Јоаким Фест” за претставата “My name is Goran Stefanovski” 2022

Ј. Ѓ.

Tags: актерМето Јовановски
Next Post

Костадиновска-Стојчевска од Гостивар: Вложени над 10 милиони денари во Центарот за култура „АСНОМ“

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk