Закажаните термини на 29 и 30 ноември за фотографирање и замена на лични документи во Скопје ќе бидат реализирани. Министерството за внатрешни работи информира дека пунктовите за издавање лични документи тие денови ќе работат со полно работно време.
МВР ги известува граѓаните откако Владата завчера на седница донесе одлука поради Министерскиот состанок на ОБСЕ сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје, како и основните и средните училишта во главниот град, на 29 ноември (среда) да работат до 12 часот, а 30 ноември (четврток) за нив да биде неработен ден.
-Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, службите за граѓански работи ќе работат редовно, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини, информира Министерството за внатрешни работи