ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Министерскиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан е почетна точка во конкретната реализација на реформските агенди

November 17, 2023 12:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје денеска се одржува првиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан посветен на Планот на Европската унија за раст на регионот. На состанокот присуствуваат министри од Србија, Црна Гора, БиХ, Косово и Албанија.

Состанокот, како што информираат од Министерството за финансии, претставува почетна точка во конкретната реализација на реформските агенди кои земјите од Западен Балкан со забрзано темно треба да ги подготват до крајот на годината и веќе следната година да имаат пристап до дел од средствата од Фондот.

– Повеќе од добредојдена е презентацијата на ЕК за Планот за раст и можностите што ги дава за земјите во регионот, како основа за нашата заедничка дискусија за идните предизвици и како најдобро да се искористи и да се претвори во можности за траен и одржлив раст. Дигиталната и зелената транзиција, зголемувањето на конкурентноста и зголемувањето на еднаквоста се области за кои се потребни силни институции и политики, истакнал министерот за финансии Фатмир Бесими на отворањето на состанокот.

Со Планот на раст, како што се наведува во соопштението, на земјите од регионот им се дава силна алатка за спроведување на реформите на нивниот пат кон кој ќе обезбеди поврзување, поддршка за реформите и финансиска поддршка во форма на грантови и заеми.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ посочил дека сo овој инструмент земјите ќе покажат институционална и административна волја за да преземат целосна одговорност за спроведување на Планот.

Според генералниот директор на DG NEAR Јан Копман, Планот не е само економски, туку и забрзувач на процесот на проширување.

– Тоа се работи кои одат една со друга. Ова ќе донесе опипливи резултати и она што денес ќе го направиме е да ги разгледаме плановите и треба брзо да работиме зошто не чекаат важни одлуки до одржувње н а Советот во декември, порачал Копман.

Во 12 часот е најавена прес-конференција на која ќе се обратат министерот за финансии Бесими и вицепремиерот Маричиќ.

Tags: Mинистерски состанокМФПлан за раст
Next Post

И ДИВИТЕ СВИЊИ ПРОТИВ РУСИТЕ: Вепар уби руски саботер во Украина

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 5 јуни 2026: Колективна визија и оригинални решенија

June 4, 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk