ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Искуството на Шпанија и Португалија покажува дека членството во ЕУ е единствениот начин да се спречи заминувањето на младите

November 17, 2023 13:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Единствен начин да се спречи заминувањето на младите е преку намалување на расколот во економските и социјални прилики во Северна Македонија споредено со западните земји, што може да се обезбеди преку членството во ЕУ, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на денешниот Улпиана форум што се одржува во Приштина, на панелот насловен „Миграција преку ангажман на дијаспората: нова димензија за дипломатска и развојна соработка“.

Од МНР соопштија дека Османи посочил на фактот дека земји како Шпанија и Португалија пред членството во ЕУ имале значително поголем одлив на работна сила и млади. Трендот во овие две земји, според Османи, е променет со членството во Унијата.

Османи се осврнал и на проектите на МНР во интерес на дијаспората, при што го издвоил проектот, МКарта, кој во суштина, се вели во соопѓштението „создава вредна мрежа на поединци кои се најдобри во своите професии и кои со тоа оставиле трага во новото опкружување во кое се успешно интегрирани и служат како дополнителен мост на соработка помеѓу дијаспората и Северна Македонија“. Идејата, се вели понатаму, на проектот е истите, согласно своето знаење и вештини, да бидат вклучени во тековните проекти на Владата и државните институции.

Искуството на Северна Македонија покажува дека за квалитетна систематска работа со дијаспората, потребни се закон за дијаспора, институционална поддршка (во форма на министер или министерство) и нејзино мапирање, стои во соопштението од МНР.

Османи информирал дека Северна Македонија на последниот попис прв пат овозможила попис на дијаспората, но податоците за нејзиното лоцирање не може да се користат за креирање долгорочни политики. За тоа, истакнал, е потребно детално мапирање, за што во моментот тече еден проект во соработка со Меѓународната организација за миграции, со вклучување на тројца млади експерти на нашата дијаспората од Италија.

Tags: ОсманиПриштина Улпиана форум Приштина
Next Post

Научен собир на УКЛО во Битола „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk