„Доаѓаме сега за тоа што го зборувам цело време а тоа е концептот за Модерно Скопје. Не зависи тој концепт сега во моментот само од Данела, туку зависи и од политичките партии кои се дел од Советот каде што мнзоинство има ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Мицкоски при едно негово гостување на „Макфакс“.
Тој со ваквата изјава ја презеде одговорноста за направеното, односно неправеното во главниот град изминативе две години.
„Ќе си донесе Советот одлука, буџетот ќе си го направи таков како што треба, односно за реализација.Нормално дека ќе играме на таа карта, тоа сме го ветиле пред граѓаните“ рече Мицкоски.
Мнозинството во Советот на Град Скопје го има партијата на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, а програмата за Модерно Скопје со која нивната кандидатка Данела Арсовска победи на локалните избори и две години по започнувањето на мандатот останува неисполнета.