ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

МТСП: Згрижувачките семејства добија 30 отсто повисок надоместок

Со Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги за вонсемејна заштита за 2020 година, како што информираат од МТСП, месечниот надоместок што го добива згрижувачко семејство за сместено дете се зголемува за 30 отсто, почнувајќи со јануарскиот надоместок, што е исплатен во февруари.

February 28, 2020 15:40
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика продолжува со активности за подобрување на положбата на децата без родители и родителска грижа и унапредување на квалитетот на заштитата во згрижувачките семејства, како облик кој е најблизок до семејниот, согласно стратешката определба дека на секое дете му е потребно семејство.

Со Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги за вонсемејна заштита за 2020 година, како што информираат од МТСП, месечниот надоместок што го добива згрижувачко семејство за сместено дете се зголемува за 30 отсто, почнувајќи со јануарскиот надоместок, што е исплатен во февруари.

-Со новиот Закон за социјална заштита се воведе и роднинското згрижување како можност. Со новата одлука месечниот надоместок за згрижување дете без родители и родителска грижа изнесува 13.847 месечно, за разлика од претходно кога надоместокот беше 8.688 денари месечно. Надоместокот за згрижување на дете или лице со попреченост изнесува 16.219 денари месечно за лице со попреченост, за разлика од претходно кога надоместокот изнесуваше 11.361 денари. Ова право од социјална заштита го остваруваат 224 згрижувачки семејства, соопшти кабинетот на дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Од Министерството појаснуваат дека на згрижувачкото семејство му е потребен и друг вид поддршка и оти подготовката и изборот на згрижувачки семејства ја врши надлежниот центар за социјална работа.

-По изборот, згрижувачките семејства учествуваат во обуката и добиваат психолошка поддршка. Се прави проценка за секое згрижувачко семејство одделно за точно да се утврди каков вид поддршка му е потребна. Целта на оваа проценка е да се обезбедат сите услови за згрижувачкото семејство да се грижи за лицето на најдобар можен начин. Центарот за социјална работа развива индивидуален план за да му помогне на згрижувачкото семејство да ги реши проблемите како што се постигнување подобри оценки во училиштето, менување на однесувањето и стекнување животни вештини, како и управување со пари, време или простор за живеење, велат од Министерството.

Со процесот на деинституционализација Министерството за труд и социјална политика една година порано од планираното успеа да ги извади сите деца од институциите за долгорочно сместување. Досега низ целата држава се отворени вкупно 22 групни домови во кои живеат стотина деца во атмосфера налик на семејната. Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да се грижи за секое дете и да ја јакне јавната свест за потребата, значењето и користа од процесот на деинституционализацијата. Истовремено, велат од МТСП, продолжува преселбата на возрасните корисници од институциите во државата.

Next Post

Поради снег забрана за камиони на патот од Маврово кон Дебар

Shortcut

Најново

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk