Покрај препораката на Владата организаторите на спортските настани и натпреварите до 6. март да се играат без публика, како една од мерките за превенција од коронавирус, ракометниот клуб Вардар соопшти дека натпреварот против францускиот тим Монпелје ќ его игра пред публика.
„Ги известуваме сите што купиле билети за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански”, дека мечот ЌЕ СЕ ИГРА СО ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА.
Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје.
Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот.
Натпреварот е закажан за 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански”, а пренос ќе има и на МТВ 1.
Безбедноста на натпреварот ќе биде во координација со други наделжни ннституции.
Ова е натпревар од последното 14. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите. Во моментов на табелата Монпелје е на 4 место со 15 бода, еден помалку од Кјелце.
Традицијата е на страна на Вардар. Во досегашните 8 натпревари, „црвено-црните” победиле на 6, еден дуел завршил нерешено а само еднаш загубивме, и тоа во полуфиналето на Ф4 во Келн во 2018 година“, стои во соопштението на клупскиот сајт на европскиот првак.