ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: Со новиот пакет антикризни мерки, поддршка од 16,3 милиони евра за учениците и студентите до крајот на учебната година

November 29, 2023 13:29
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Министерството за образование и наука во соопштение наведува дека со новиот, деветти по ред пакет антикризни мерки кој Владата го презентираше вчера, над 120 илјади ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надомест до крајот на тековната учебна, односно академска година.

Тоа е поддршка за нив и нивните семејства, посочува МОН, во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза.

-Околу 105 илјади ученици од основните и средните училишта кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања до 50 илјади денари, секој месец во наредните шест, ќе добиваат финансиски надоместок во износ од 1.200, односно 1.800 денари. Додека, над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење, во следните седум месеци, додека трае академската година, ќе добиваат ваучери за превоз, односно надоместок во износ од 600 до 1.200 денари во зависност од пресметаните трошоци за превозот, информира МОН.

Во следните денови Владата и Министерството за образование и наука ќе објават детални информации за начинот на кој учениците и студентите ќе може да аплицираат, за критериумите, условите и роковите за искористување на овие мерки.

Деветтиот пакет со 26 антикризни мерки за поддршка на граѓаните е во вкупна вредност од 662 милиони евра.

Tags: антикризни меркистудентиученици
Next Post

Секуловски: Зелените теми не се доволно застапени во медиумите, потребен е нивен едукативен пристап за кревање на јавнат свест за зелените прашања

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk