„Со години ВРМО го враќаат животниот стандард на граѓаните наназад – наместо да имаме прогрес и успешна иднина тие се обидуваат да манипулираат со граѓаните сакајќи да предизвикаат лабилност во еден стабилен државен систем’’ – истака Министерката за труд и социјална политика Јована Тречевска во „Студио 10 “ на ТВ 24.
Тречневска го посочи новиот антикризен пакет – 9 по ред, кој не е финансиран од кредити туку финасиите ги има во програмата за антикризни мерки и не постои можност да јави било каков дефицит во финансиите.
„Овој пакет ги опфаќа студентите, пензионерите, земјоделците и самохраните родители. Секако тука се опфатени и јавниот и приватниот сектор. Ова не значи дека е пакет на антикризни мерки за изборите туку за граѓаните и подобрување на животниот стандард ‘’ – рече Тренчевска.
Тренчевска рече дека ова системското решение е решение за подобар животен стандард на граѓаните и само значи постојан раст на платите и обезбедување на континуирана поддршка за граѓаните