ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лавров, седнат на бајонет, цинично и бездушно расправа за „колективниот Запад“

December 1, 2023 11:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Сергеј Лавров, со неколку „преседнувања“, долета од Москва во Скопје. Во својата мисија да го „спаси“ светот (неговата појава мене ме асоцира на „глупaв како ноќ“), очигледно заборавен дека таму некаде, во тие негови ледени степи, помеѓу руското „никаде“ и украинското „нешто“, трае војна во која невини и обични граѓани го влечат најдебелиот крај (општо познато е дека главниот виновник за таквата состојба е „мајчица“ Русија).

Лавров не оди на избори, не си ја испитува својата доверба што Русите мислат за него. Не! Во Русија нема избори, тоа барем на сите им е јасно, посебно Путин не оди на такви „демократски керефеки“ откако себе се в пиша во доживотен владетел. Лавров не е Лавров, Лавров е Путин. Тоа го знае секој еден, како што секој еден знае дека сурија од олигарси раштркани низ Москва не се тоа, ами обични путинови тегли за зимница.

Имено, овие денови во Скопје се одржа Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ). На последниот ден од состанокот ни се појавуваат три придружни настани: „Млади и граѓанско општество“, „Се работи за луѓето“ – влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година и „Зачувување на плурализмот – безбедност за жените новинарки“.

Ваквите тематски содржини во Русија не постојат. Млади во Русија има, ама се мобилизирани во Руската армија; „се работи за луѓето“ во Москва се преведува и како „Се работи за Путин“, плурализам има до некаде, а откако ќе заврши дента или вечерта, ти се појавуваат некои чичковци кои се обидуваат или со труење или со приведување да го прекинат таквиот плурален разговор (случајот со отровниот агенс „Новичок“ и рускиот опозиционер Навални, на сите многу добро ни е познат?); „безбедност на жените новинарки во Русија“, хм, ви значи ли нешто името Ана Политиковскаја?

Откако сите ладно го изигнорираа Лавров во Скопје, овој успеа да каже нешто така глупаво, така неописови дебилно, што на човека му станува горко во дигестивниот тракт: „Западот го уништува ОБСЕ“. Откако ја истресе од ракав глупавата „прес-конференција“, доби игнор од сите Европски претставници, вклучително и од Украина, претставници кои си заминаа пред овој уште да говори; а колку што видов, и нашиот Бујар Османи ладно го пречека, а уште поладно го (oт)поздрави.

Се разбира, рускиот робусен „коњ“ не додржа, очекувано, да каже дека „Русите Европа ќе ја спасувале од неонацизам“, тјах! (каков цинизам, мајко мила!). Премиерот Ковачевски, паметно и саморазбирливо, не се сретна со Лавров, што е одличен показател за правецот на каде се движи Северна Македонија. Подобро ќе ни биде со Европа и „колективниот Запад“, тоа го знае секој еден со два грама сол во главата.

Сè на сè, Лавров после Скопје си замина дома со не баш спектакуларен резултат од својот „дипломатски напор“, дополнително го упропасти рускиот интегритет и ексклузивитет на Рускиот народ. А и Путин остана ист во очите на сите нас (ако можам да зборувам од име „на сите нас“, а не можам, тоа се разбира!) – руски диктатор и злосторник, тоа е „епидемиолошкиот статус“ на нивната руска политика денес.

А Украина, што ќе биде со неа?

Ех, демек судбината на Украина зависи од пустите разговори на широките конференциски маси, со цветни аранжмани, чашки со вода и кафе, помеѓу благородните дебатирања на соговрниците.

Сите ние правиме избори во својот живот, граѓаните го бараат изборот за релативно пристојно да преживеат, во љубов, мир и разбирање (како што ни пееше Nick Lowe во истоимената поетика), политичарите бараат алтернативи кои ги нуди таквиот образец. И се прегрупираат.

Нашето прегрупирање е јасно и недвосмислено, ние сме со Европа и „колективниот Запад“. Не е тој совршен свет на љубов, мир и разбирање, ама подобар нема. Или вие мислите дека руските степи се подобра варијанта, или може сакате да го испробате рускиот „Новичок“, да скубнете дел од животот на Навални, или, пак, сакате, што знам, да се обидете во „женско“ новинарство според примерот на Ана Политковскаја? Видете, пробајте, секој човек има избор – јас сепак не сум толкав (садо)мазохист.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: ЛавровНЕНАД ЈОВАНОВИЌОБСЕ
Next Post

Пет инфраструктурни проекти во пет македонски општини ќе се реализираат со словенечка помош

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk